Како што е познато Зелен хуман град е здружена иницијатива на 20 организации и активистички групи од Скопје, која на претстојните локални избори настапи со независна советничка листа за Советот на Град Скопје, како и со кандидат за градоначалник на Скопје.
Најголемиот дел од предисторијата на ЗХГ е локалниот граѓански активизам преку десетици организации кои низ годините се залагале за промени во локалните и национални политики опфаќајќи сфери како социјална правда, заштита на животната средина, заштита на животните и урбана подвижност.
Движењето во форма на иницијатива се јавува по граѓански буџетен форум „Моја заедница, моја визија“ кога до скопското градско собрание се поднесени 27 предлози.
На 14 јули движењето најави дека ќе настапи на локалните избори во Град Скопје со своја независна советничка листа предводена од Драгана Велковска и Горјан Јовановски.
Во подоцнежниот период преку платформата МојКандидат беа избрани и останатите поединци кои станале дел од конечната листа.
На 17 август ЗХГ го почна процесот за собирање на потребите потписи за кандидирање на независна советничка листа. Истиот ден движењето ја претстави Ана Петровска како нивен кандидат за градоначалник на Скопје.
ЛДП/ДОМ освоија повеќе гласови од Бени Шаќири, Петровска повеќе од Зелен хуман град, а Шилегов има поголем коалициски потенцијал од Арсовска Од споредбата на бројот на освоени гласови на листата на Совет на Град Скопје и за Градоначалник на Град Скопје може да се извлечат неколку интересни заклучоци, објави Независен.мк
Благодарение на нивниот носител на листа д-р Никола Пановски, листата на ЛДП/ДОМ за Совет на град Скопје има освоено повеќе гласови од нивниот кандидат за градоначалник Бени Шаќири.
Имено, листата на ЛДП/ДОМ за Совет на град Скопје има освоено многу повеќе гласови од нивните општински листи во Карпош, Центар, и Аеродром, додека Бени Шаќири има освоено повеќе гласови во Чаир.
Ана Петровска има освоено околу 700 гласови повеќе од листата на Зелен Хуман Град за Совет на град Скопје и повеќе од Бени Шаќири, иако листата на ЛДП/ДОМ за Совет на град Скопје има малку повеќе гласови од листата на Зелен Хуман Град.
Како што е познато, нашата најпозната алпинистка Илина арсова е во моментов на Еквадор.
Илина не успеа да гласа на изборите затоа што е не е во Македонија, но на Инстаграм, во стори сподели фотка од граѓанската иницијатива Зелен хуман град кои влегоа во градскиот совет со двајца советници. Илина сподели нивна слика и напиша: Напред!