Биба Додева ја знаеме како одлична пејачка која има победено на доста фестивали, како мајка на Емануела и баба на Александар, но малку се знае за нејзиниот приватен љубовен живот. Во една прилика, таа искоментира на оваа тема:
-Свесна сум дека мојата професија е јавна, но мојот приватен живот е само мој. Ама еве, колку за да ја задоволиме желбата за информации, не сум вљубена во никого, ама се трудам да бидам среќна секој момент и да му се радувам на животот“, рече Биба за Реоублика во една прилика кога пибеди на фестивалот Макефест и доби парична награда која исто така ја искоментира:
-Откако ќе го платам персоналниот данок од 11 проценти, остануваат 17.800 евра кои, секако, не ми припаѓаат целосно мене, ама, во секој случај, веќе почнувам да правам планови како ќе ги потрошам.
За секој вистински пејач е предизвик да пее со ревијален оркестар, и тоа е едно непроценливо искуство. Мојот прв јавен настап во 1998 година на „Скопскиот фестивал“ беше придружуван од ваков оркестар и навистина ми е мило што повторно имав можност да настапувам со сите музичари што беа на сцената.
Промената во однос на временскиот период и мене ме изненади, но, сепак, тоа се работи и пропозиции што ги одлучува некој друг, а наше е дали ќе учествуваме и ќе ги прифатиме тие работи или не.
Јас сум пејач што преферира да пее со музичка група, така што оваа промена многу ми се допадна.
А, што се однесува до наградите, само ќе кажам дека, секако, се дополнителна мотивација за што повеќе композитори да се вклучат во фестивалот, иако ми е мило што имаше и такви со кои сме учествувале на македонските фестивали и кога наградата била само направена од дрво.
Фестивалите се за публиката. Ние им нудиме песни ним, а тие си го кажуваат своето мислење и го прават изборот. Сѐ си има свои добри и лоши страни.
Со ваквиот начин на гласање им се овозможува на повеќето граѓани што ги следат нашите настапи да дадат свој придонес во победата и да го скројат општото мислење, а не само на тие што купиле влезници за настано“, изјави додева и раскажа анегдота за себеси.
-Јас сум позната по тоа дека знам да се сопнам среде сцена, на рамно (се смее). Мајка ми дури често се шегува со мене дека треба да ми месат од оние колачиња што се месат за бебиња кога проодуваат за да не ми се случува тоа веќе.
Сепак, имав добри АБС сопирачки на потпетиците, па добро се снајдов на крај. Инаку, не верувам јас во суеверија, верувам дека секогаш има причина зошто се случуваат некои работи.“.
Биба беше многу поврзана со својата мајка која за жал веќе не е меѓу нас. Таа го напушти овој свет пред три години, а Биба често знае да ја спомене во своите приказни на Фејсбук како пто направи денес:
-Света Петка, денот твој. Слава на баба Верче и твој роденден мамо. Така ќе го паметам секогаш овој ден.. Упорно не идам на гро-би-шта, баба Верче ќе се лути, ама ќе и пројде. знам ти нема да се лутиш, знаеш дека не ме бива за такви работи..
Ве сакам. Те сакам. Ми фалиш до коска, бар за Аце да ти раскажувам зошто никој не би се радувал на Емануела и Алекс како ти. Чувај ми ги од горе.. Слава ти!“, рече Биба за својата мајка.