Антонио Димитриевски: Одамна сум расчистил со будали и во приватниот живот и во професијата

0

Антонио Димитриевски е еден од нашите најпознати новинари кој својата кариера ја градеше и на ТВ и во пишаните медиуми, а започна со Македонскaта радио телевизија со појавување во музички емисии.




Во интервју за Собиден печат тој зборуваше што ѝ фали на нашата естрада сега: „Многу нешта. Пред сè, пристапот на медиумите кон естрадата. Во 90-те бес неше в -јна та на екс-ЈУ просторите, тогашните републики во рас пад, сегашните држави имаа прекин на меѓусебните комуникации, постоеше огромна дупка во етерот која требаше да се пополни.




Ние тргнавме да го искористиме моментот и да создаваме сопствена сцена од веќе постоечките и нови музички имиња, МРТВ и нешто подоцна првите приватни радија и телевизии ја повлекоа работата и наеднаш после 5-6 до 10 години нагло застанавме. Некој крена рачна!

Почна сè помалку да им се дава простор на домашните имиња во етерот, печатените медиуми почнаа полека да исчезнуваат, газдите на големите телевизии влегоа во спрега со политиката од која сфатија и едните и другите дека имаат корист, наместо сопствената ентертејмент продукција влетаа најпрвин шпанските, па турски серии како „евтина забава за милиони“, политилчките емисии и вестите го окупира просторот и…




Естрадата почна да ум -ира. Најпрвин полека, неосетно, а потоа сè повеќе и побрзо и последните години нагло се урна во бездната без дно. Во слободен пад кој сè уште трае. Блесоци секогаш имало и ќе има, но една ѕвезда не чини соѕвездие, едно мало соѕвездие не го отсликува ѕвездениот универзум во кој можевме да доминираме, а за жал згаснавме како метеори.




Македонија е и понатаму мала бара полна со крокодили. Најмалку домашни, најмногу од оние големите однадвор, кои со нерегулиран пазар и правила на игра, за три децении изнесоа стотици милиони во кеш преку граница. Од Цеца и Аца Лукас, до Здравко Чолиќ и Саша Ковачевиќ…




и уште илјадници други „ситни гирици“ на кои Македонија им е Мека и Медина за добра ловина, во кеш евра, секако! На нашите деца им останува да бидат статисти на свој терен, во сопствениот естраден филм или да се туркаат во редот со останатите таленти во регионот како деца во слаткарница за понекое ситно „Гранд“, „Пинк“ или не знам веќе кое колаче“, изјави Антонио.




Познатиот новинар беше гостин во емиисјата Магазин на Тв Сител и таму раскажа делови од своето секојдневие. На пример, Димитриевски рече дека негова најдобар пријателка со години е нејзиното величество кафеаната.




-Се дружам со мнигу луѓе, излегуваме барејм еднаш од неделата, има тука и јавни личности, повеќето од нив се домаќини, добпо ситуирани луѓе. Одамна сум расчистил со будали, и во приватниот живот, и во професијата.




Животот е краток, така што немам време за егзибиции. Направи си простор да ти биде убаво, и а им биде на другите со тебе убаво. Барем еднаш неделно сигурно сум во кафана. Имаше пероди кога бев во радио Слободна Македонија, три- четири пати со колегите по завршуавњето на работното време, да седнеме на појадок, да отидеме на чорба.




Тој исто така кажа дека ѝ е благодарен на сопругата што му го прави првото кафе и го пијат заедно. Кафесто спред него е причина за муабет, за почеток на денот, за сублимирање на обврските од претходниот ден.




-Јас ум горок живот слтако кафе, но последниве години животот ми е посладок, и од здравствени причини сега пијам погорко кафе“., изјави новинарот.

Претходна статијаГо снема Роберт Орданоски од социјалните мрежи, затоа Агнеса заработува на Инстаграм, парче прави (ФОТО)
Следна статијаДраган Бјелогриќ се огласи лут, и ги прозва сите кои му стојат на патот