Актерот Дац откри од што треба да се пази Петре Шилегов во недела (ФОТО)

0

„Не е коректно Град Скопје да ја има таа позиција на нем посматрач. Затоа сметам дека градежната инспекција треба да премине во рацете на Градот“, изјави во едно интервју за 365.мк скопскиот градоначачник Петре Шилегов.




Има две бенефиции: Дефинитивно ќе дојде до дисбалансирање на правната моќ на општините, кои сега се исклучиво надлежни, тогаш ќе имаме двојност во правниот дел на јурисдикција и вториот момент е што мислам дека ќе се даде една вистинска позиција на Градот да може да интервенира во делот којшто се однесува на нелегалното градење.




Идејата е дека ќе се дисбалансира фокусот на правната моќ. Општините ќе продолжат да си даваат дозволи за градба, но што се случува на самото место би контролирал Градот“, додаде Шилргов минатата година.




Тој во интервју за Локално.мк ги коментираше изборните резултати: Во Скопје резултатите се речиси изедначени, а битката во првиот круг беше со 11 противкандидати. Второто полувреме е сосема друг натпревар, каде што се соочуваат два сосем различни концепти за Скопје.




На Скопје не му треба враќање во мра-чната 2017 кога на скопските улици се сееја ом-раза и под-елби, туку континуитет во развојот кој го направивме овие четири години. Токму затоа верувам дека мудроста на скопјани ќе биде посилна од гневот, и дека ќе победам во вториот круг.




-Многу наши гласачи од Скопје не излегоа во првиот круг со што испратија сериозна порака кон СДСМ. Пораката на граѓаните е примена, СДСМ е партија која учи од своите грешки. Токму затоа во вториот круг продолжуваме со порака „Скопје се обединува и продолжува напред“. Продолжуваме со позитивна порака која обединува, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кое продолжува со црна кампања која поттикнува поделби и разединува.




-Во вториот круг битката не е само за тие речиси 50 илјади гласа на кандидатите кои веќе не се во игра, туку и за охрабрување на оние скопјани кои не излегоа во првиот круг. Лично верувам дека не само гласачите на ЛДП и ДОМ, туку и најголем дел од гласачите на Зелен Хуман Град и Левица не го замислуваат Скопје како нетолерантен „вмро-вски град“.




Како поделен град на конфликти, зак-ани, и нетрпеливост. Тоа Скопје го оставивме зад себе во 2017, и за овие четири години покажавме дека Скопје може да биде мирно, поспоено, пообединето и со похармоничен развој“, изјави Шилегов во Локално.

Пред да станам градоначалник, главните капитални инвестиции во Скопје беа во барокни фасади, партиски плоштади, градски плажи, палми, и споменици кои немаат врска со потребите на скопјани. Г




Главните вложувања во мојот мандат беа во инфраструктура за потребите на сите скопјани, за европско и модерно Скопје, а не за Скопје како главен град на кичот и лажниот барок“, додаде Шилегов.




Во контекст на личната бугарската лична карта на неговата противкандидатка Данела Арсовска, за која таа негираше дека ја има, на шеговит начин се огласи ајтерот Драган Спасов- Дац кој беше директо на МНТ пред извесно време.

-Шилегов сега треба да се плаши од бугарски воз!“, пишува во свокот најјнов статус Дац, пријателите му коментираа: „И вие од СДСМ не сте подобри. Ќе се прејадете од бурек и едните и другите последниве два дена.“




„Ќе е полн до даска!!! Ќе вози на гумени тркала а и сендвичи ќе делат!!!“, „Се плаши од казанот за ракија (да не снема).“, се дел од другитре коментари под објавата на Дац.

Претходна статијаГолема причина за славење кај нашата позната новинарка, таа ја сподели среќата на Фејсбук (ФОТО)
Следна статијаМу должат пола милион евра, Саша Поповиќ и оние од Гранд им земаат се на пејачите, а нивните паричниците се полни: Познатиот музичар откри се!