Адиминстраторот на Фејсбук страницата на Ѓорѓи Колозов, која брои 125 илјади обожаветли на делото на познатиот наш актер, последниот македонски цар, пред неколку дена се збогуваше со пејачот Васил Атанасов кој засекогаш си замина од овој свет, во Германија, каде што долги години живееше.
-Денес се простуваме од Васил Атанасов, интерпретаторот на безвременската “Пpоклет да е кој не раздели”
Маестро, рано го истрча својот пат, нека ти е светло и мирно“, напиша Горан Марковски.
Тој освен што споделува спомени од Колозов, цитати од легендарните приказни, не ги заборава и другите наши познати и признати актери, со кои Ѓорѓи ја делел сцената и животот, како на пример Стојна Костовска.
-На отварање на фестивалот Денови на комедија 2021 година во Куманово нашата позната актерка Стојна Костовска ја доби востановената награда Васил Иљоски за уметнички дострел во актерска игра од областа на комедиографијата.
Актерката на неколку пати спомена дека е горда што ја добива оваа награда и посочи дека наградата е дел и од нејзините карактери во Македонските народни приказни.
Честитки“, стои на страната на Колозов.
Пред три дена се навршија точно 18 години откако го загубивме легендарниот актер, идолот на многу генерации кој уште живее во спомените на народот. По тој повод, на страницата на Ѓорѓи е напишано:
“Шенке, ова е тоа” беа последните зборови на царот пред да престани да чука неговото срце засекогаш…си замина кон бесконечноста, полн со желба за живот, да се радува, да твори, да се смее… Денес се навршуваат осумнаесет тажни и празни години без царот!
Сцената живот, пуста…срцата, празни…и нема ништо по присутно од неговото отсуство…
Присетете се денес на царот на приказните, бидејќи прерано го истрча својот пат, краток, но славен!
Сполај ти за сите убајни и добрини што ни ги пружи! Те сака и милува едена цела нација!
Нека ти се бесконечно многу години честити царе, таму каде што си нема болка и тага, саде убајни царцки! Си спомнуваме за тебе! Слава ти!
Посветил/напишал: Горан Марковски, администратор на неговата страница!“.
Но, она што малкумина го знаат за Ѓорѓи е исто така објавено на страницата, а на снимката, тој е млад, а не е сцена од приказните. Колозов е објавен во издание во какво не го знаеме. На страницата е објаснето на овој начин:
-Ексклузивно! Сите најмногу го знаевме по неговиот уникатен изглед или по неговата втора половина од животниот век: полничок, со тркалезно дебело лице, бела брада, ситни очиња од кои секогаш зрачеше правдина и добрина, пригушлива насмевка, и над мудрите долги бели коси секогаш стоеше качкет, под кој препознававме наш дедо, ближен мудар човек или едноставно кажано го препознававме МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК кој не одликува низ нашата историја!
Сигурно не сте го виделе во вакво издание! 23 годишниот Ѓорѓи Колозов го носи на грб својот една година помлад колега, 22 годишниот Гоце Влахов во сцена од филмот “Македонскиот дел од пек олот” во режија на Ватрослав Мимица, снимен во 1971 година!
Ова е неговото прво филмско појавување! Маестрално и моќно!