ВЕЧНА ТИ CЛАВА ЧЕСТИТИ ЦАРЕ: На денешен ден, пред 18 години си замина легендарниот актер

0

Без сомнение, Ѓорѓи Колозов е еден од најголемите актери на македонското глумиште, човек, кој предизвику силни емоции кај секого, кога ќе го слушне неговото име!




Зошто? Затоа што пораснавме со неговите прекрасни рољи во Македонските приказни, кои се емитуваа на македоснските национални канали. Ѓорѓи Колозов и неговата сопруга Шенка, беа незаменливи на малите екрани.




Во последните години од неговиот живот, Колозов помисли и на дечињата, па сними и издаде на цедиња, со прекрасни приказни кои беа дел од многу семејства, па сега и помладите генерации се сеќаваат на Колозов.




-Кога требаше некој да игра цар, немаше двоумење околу тоа, се знаеше на кој глумец припаѓа таа улога…

И не само во приказните, цар играше и во светот на бајките, во чук чук Стојанче, ајде да се дружиме итн… Поседуваше нешто исконско што другите го немаа!




“Шенке, ова е тоа” беа последните зборови на царот пред да престани да чука неговото срце засекогаш…си замина кон бесконечноста, полн со желба за живот, да се радува, да твори, да се смее…




Денес се навршуваат осумнаесет тажни и празни години без царот! Сцената живот, пуста…срцата, празни…и нема ништо по присутно од неговото отсуство…




Присетете се денес на царот на приказните, бидејќи прерано го истрча својот пат, краток, но славен!

Сполај ти за сите убајни и добрини што ни ги пружи! Те сака и милува едена цела нација!




Нека ти се бесконечно многу години честити царе, таму каде што си нема болка и тага, саде убајни царцки! Си спомнуваме за тебе! Слава ти, напиша Горан Марковски, администратор на неговата страница!




Доколку беше жив, Ѓорѓи Колозов оваа година ќе наполнеше 73 години. Вечна ти слава честити Царе!




Претходна статијаВажни лекции од мудриот старец: Не барај ги оние кои не те побарале, и не ги чекај оние кои тебе не те чекаат
Следна статијаОва биле последни зборови пред да си замине, а откриена е и приказна што никогаш не сте ја знаеле за легендарниот актер (ФОТО)