Со години е еден од нашите најпознати и најпочитувани актери, а неговата биографија е многу богата. Гоце Тодоровски е роден на 30 Април во 1951 во Кичево, и верувале или не има 70 години.
По завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар.
Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија.
Има добиено награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
1986 – најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“.
Гоце иако е пензиониран официјално, не мирува. Тој во моментов е активен со надзихронизација на турските серии, но снима и нови македонски приказнаи, а ова е вест на која неговите обожаватели многу ѝ се израдуваа.
Во една прилика рече дека едвај ја убедил Шенка Колозова и таа да глуми во новиот серијал на приказните. Шенка сакала да биде само сценарист, но Гоце, Лазар Бараков и останатите ја терале да се појави и таа.
Гоце е инаку долги години во врак со Тања и има две деца. Синот му се вика исто како него, Гоце, а ќерката е Сашенка. Инаку, Гоце во една прилика има раскажано како синот си го крстил по него и како било кога го пријавувал во матично.
-Одамна беше, но се сеќавам кога го запишував во матично, тоа беше во старото школо во Дебар маало во мисерна некоја градба, приземна, и една жена пред пензија.
И баш кога го запишував ме прашува: Презимето како? Тодоровски. Таткото? Гоце. Бебето како ќе се вика? Викам- Гоце.“
Потоа рече дека на матичарот за малку ќе му паднело пенкалото од рака. „А ќерка ми Сашенка, руско име е тоа, доаѓа од коренот Александра. Имаше една претстава и прочитав Сашенка. Русите имаат таков стил на даваање прекари: Машенка, Дашенка, Сашенка, и мене ми се бендиса тоа Сашенка.
Така да, таа е единствената во Македонија што се вика така, Сашенка“, рече гоце за војата ќерка која од време на време знае на Фејсбук да објави слика од него, но и од мајка ѝ Тања со која се како сестри.
Но, Сашенка, со многу љубов објавува слики од својот сопруг Боби кој многу го сака. Било во ресторан, во кафуле, наекаде во природа, ама и по дома, Боби и Сашенка која го има додадено презимето Спасовска си уживаат во љубовта.
Една објава која Сашенка ја шерна на Фејсбук е моментоткога Боби ја изненадил дома со подготвен ручек. „Ручече од маженце, шефот мој најљубен“, напиша таа и доби многу убави коментари.
На Гоце Тодоровски по се изгледа дека му се погодил зетот кој ја чува неговата ќерка како кралица.