Весна Бејби откри зошто ѝ пречи што сите одат по парите и по моќта (ФОТО)

„Радиото е моја прва љубов. Јас уште пред да почнам со телевизија да се занимавам, од секогаш сум сакала да бидам на радио“, рече во едно интервју за Фешнел позната актерка Весна Петрушевска.




-Понудата стигна од Радио Слободна Македонија пред година дена и многу се израдував. Има една чудна магија, убаво е затоа што прво станува збор за сосема друга ментална матрица е не е исто како телевизија, како театар, не треба многу да зборуваш, да имаш доволно мерка и секогаш да ја знаеш плеј листата што ја пушташ.




Инаку јас со мои 14 години почнав со театар, а веќе на 16 водев емисија на МРТВ – „Пулсирање“. Затоа можеби некако многу многу природно ми дојдоа тие две работи да ги спојам бидејќи можев да практикувам интермедијалност, она што се вика разговор со камера и да си бидам на сцената.

Она што сонував се обидов да го реализирам. Телевизијата е точно најмоќниот медиум некогаш создаден и тоа така ќе биде оти преку телевизијата влегувате и онаму каде што не прашувате дали смеете да влезете.




Во театарот се купуваат карти по слободен избор и одлуката за да дојдат да ве видат е лична, а на телевизорот може да се згреши далечинското на каналот каде што сте вие и да ве гледа некој од семејството макар и со сила.




Поголем е сеирот за телевизија. Се практикува поголема популарноста и моќ, но од друга страна колку што може да ти понуди телевизијата, толку може и да те потроши. Телевизијата исклучително многу ја троши енергијата на поединецот, на авторот и водител, во овој случај јас, но исто така знае и многу лошо да возврати.




Значи неочекувано ве доживуваат на еден начин кој што не сте го очекувале. Во театар кога ќе излезете на сцена го очекувате оној производ кој што го гледаат на телевизија.

Има генерации и генерации кои што растеле со мене и кога ќе дојдат во театар, првите пет минути им е шок, а после тоа другите 125 минути се прилагодуваат, но феноменот на телевизија е многу значаен за секој актер.




Актерот не треба да се плаши од егзибиционизмот наречен телевизија. За жал кај не се снимаат серии, па нема друг начин да ги видите актерите. И уште една работа, телевизијата, не е привилегија на актерите, водителството телевизиско е сосема поинаков софтвер.




Не може секој актер да биде водител, апсолутно тоа го тврдам“, објаснува Весна. Таа зборуваше и своите деца, Мина и Кирил.

„Не знам како се снајдов во улогата на мајка. Ова е клише што ќе ти одговорам но, мислам дека клишето знае да биде и племенит одговор. Не е едноставно, мислам дека најголемата одговорност, на еден родител е да израсне чесно, воспитано, добро дете.




Тоа е најтешката задача во нечиј живот, да бидеш, родител и да ги издржиш сите искушенија кои што ти се испречуваат на патот. Имало многу сопнувања, сум имала подеми и падови, знам да бидам многу строга во однос на тоа кога се работи за училиште, да барам од нив можеби повеќе од што треба, но нема да излажам дека јас друг живот освен работа и Кирил и Мина немам“.




Весна откри дека во псоследно време ретко го користи Фејсбукот, тоест како што рече рертко наминува и нејзин начин актерката објасни како таа ја гледа оваа социјална мрежа во денешно време, преку песната Gangsta’s Paradise.

-Кога отварам фб во последно време ете вака ми е некако, ретко наминувам искрено.




Моќта и парите, парите и моќта, Минута по минута, час по час, Сите бегаат, но половина од нив не игледаат, Се случува во кујната, но не знам што се готви.

Претходна статијаОгњен Амиџиќ проговори зошто Цеца не му гостува во емисија и искоментира дали има проблем со Карлеуша
Следна статијаБитолскиот професор Трајковски: Би било фер, ученикот да не оди на училиште доколку некој од неговото семејство е позитивен