Порасна ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски, Јоана е прваче (ФОТО)

0

Познатата пејачка на фолк песни, оња Тарчуловска, порано Величковска, во музичкиот свет остана запамепета по песната „Во бело“, која и денес се пее на многу свадби.




Соња е во брак со Јохан Тарчуловски повеќе од 15 години и имаат три деца, Мелани, Младен и Јоана. Најмалата ќерка Јоана, има шест години.

Соња и Јохан беа разделени 8 години. Од 2005 до 2013 година, Јохан беше беше во зат-вор, шест години во Холандија и две во Германија. Кога се врати дома, Соња му ја посвети песната „Добредојде“. Јохан пред неколку дена прослави роденден, а Соња му честиташе со многу љубов.




-Јас себе си се спознав уште многу малечка, имав цел, имав зацртано и знаев што сакам да бидам, знаев кој е мојот патоказ до мојата среќа, да изградам кариера и да пеам.




Моите млади години не ме попречија во тоа кога ми беше најтешко јас сама си завземав место на естрадата со божја волја и милост“, изјави Соња за Точка.

-Лично мене многу ми значи текстот и музиката, и ако со нив ги освојувам јас сум почестена. Публиката е таа што проценува, зошто ја слуша или почитува пејачката.




Кога би можела да избирам за децата? Јас сум човек и мајка која сака своите деца сами да си го изберат патот и професијата што сакаат да бидат, а јас само би им дала максимална поддршка.




Засега не планираме уште деца, нека биде според божја волја. Мелани е добра пејачка и глумица, балерина и ученичка. Младен дефинитивно го сака спортот и е многу интелигентно дете“, додаде таа и зборуваше за својот стил на облекување.




– Јас сум спој на модерна и традиционална жена. Во шеесетите години би живеела со задоволство, прекрасна мода. Ни приватно ни професионално не се оградувам на некоја жена. Јас се носам со своите вредности, каква сум таква сум.




Соња објави слики од нивната ќерка Јоана која е веќе порасната и тргната во прво оддление.

-Јоана прваче наше,сонце наше, голема радост. Има некоја посебна магија во тоа да си прваче. Тато ,мама,дада и бато ти посакуваат успешна година и среќни школски денови.




Честитки до сите првачиња “, напиша Тарчуловска.

Претходна статијаМилан Станковиќ откри дали се замонашил (ФОТО)
Следна статијаТамара вежба со личен тренер, а ова се резултатите, изгледа топ (ФОТО)