Тамара вежба со личен тренер, а ова се резултатите, изгледа топ (ФОТО)

0

-Кога бев мала, бев многу немирна. Прво бев развигорче, па ветер, па кога бев тинејџерка бев бура, и пред да станам цунами… Се појави Мачка- дофрли некој од пријателите од публиката, мислејќи на нејзиниот сопруг Александар Димитровски.




„Се појави Мачка. Мачка се прави ѕвезда, го окупира купатилото, две деца вриштат дома, јас си редам евергрини. Јас сум многу среќна“, рече Тамара низ насмевка на концертот кој го одржа во јуки во Охрид, а објавено е во Женски магазин.




-Да бидам искрена, покрај тешката ситуација која ја имавме финансиски, бидејќи никој од нас немаше некаква голема акумулација на пари, пандемијата ми овозможи да бидам со децата постојано, да одиме и да остануваме подолго во нашиот дом во Гевгелија каде што живеат родителите на мојот сопруг, кои ги обожуваат Хана и Дарен.




Првпат бев јас во мојот живот помалку важна од сите околу мене за кои се грижев секојдневно. Како пејачка од многу млада возраст со постојано присуство и настапи јас дури како жена и мајка во пандемијава добив време да бидам сè само не јавна личност.




-Порок е песна за моите младешки врски и љубови. За тоа кога некој го сакаш и уживаш во секој момент а знаеш дека врската не оди никаде и знаеш дека срцето ќе ти биде скршено“, рече Тамара во истиот медиум.




Веднаш кликнаа младите девојки секако, ми пишуваат во пораки и во коментари за нивните “пороци” . Среќна сум што речиси сите песни ми се од некои мои искуства и публиката тоа го препознава како искрено раскажана приказна. „Порок“ е проект на кој особено сум горда.




Бескрајно сум му благодарна на Лазе Цветковски за соработката. Мислам дека направивме баш добар летен хит а Тајзи напиша текст од кој боли глава. Навистина тимски го обработивме целиот проект а мило ми беше што овој пат бев вклучена и во креирање на музиката и аранжманот. Ќе следуваат уште многу добри хитови!“, најавува Тамара.




-Моето семејство е суперкул. Некако мислам дека само јас сум со традиционален кодекс на мајка заштитничка, но да не е Александар така посветен семеен човек и татко најверојатно целосно ќе се посветев на семејството и ќе пеев само одвреме навреме.

Јас имам подршка да бидам исполнета пред сè професионално и тоа прави и јас да бидам многу среќна жена по дома. А кога мајката е среќна цела куќа пее“, насмеано вели Тамара.




Би сакала да можам да го вратам времето, но ја немам таа моќ. Имам моќ да се извинам и тоа го направив. Тоа го направив неколку пати и навистина жалам. Ми требаше долго време да ги наредам коцките во мојот живот после тоа торнадо, но животот продолжува понатаму.




Научив многу добра животна лекција и иако на моменти бев скршена, разочарана и повредена не сакам да дозволам овие работи да ме дефинираат мене како личност. Јас сум многу повеќе од таа грешка пред две години. Сите ние сме многу повеќе од грешките што сме ги направиле во животот“, рече Тамара во Убавина и здравје.




-Таа сега интензивно вежба, слабее и изгледа топ. Објави слика со кратка маичка и со хеланки и вели: Постојано сум на некаков режим, па слабеам, па сите се нешто запрепастени и на првата пауза повторно се препуштам на убавиот живот полн со калории.




Вежбам секојдневно, имам и личен тренер Мартин Видоевски, трчам на кеј, одам на Водно, рече Тамара.

Претходна статијаПорасна ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски, Јоана е прваче (ФОТО)
Следна статијаМилица Тодоровиќ прозборе за бебето и за желбите на својата мајка (ФОТО)