Познато е дека Петар Георгиевски познат како Перо Камиказа ќе се кандидира на локалните избори за градоначалник на Скопје, откако музичарот тоа го објавои на Фејсбук, и сите медиуми објавија.
Конечно, се разбравме. Одиме!“, напиша Димитар Апасиев, пратеникот од Левица на својот фејсбук профил објавувајќи селфи со кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски.
Басистот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, и официјално ја доби поддршката од Левица и тој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.
Георгиевски претходно објави дека ја бара поддршката од Левица затоа што оваа партија има многу симпатизери од помладите гласачи. Познато исто рака е дека групата Мемеорија направи голем концерт во 2017 година како нивно големо обединување, а по тој повод Георгиевски раскажа:
-Половина бенд сме кумови меѓу себе: Поце Икономов, Ристо Самарџиев, Сашо Ангелов, Валентино Скендеровски, Бане Поповиќ и Димитар Мичо Божиков на ручек по една од пробите пред концертот.“ Тој го коментираше и фактот зошто „Меморија“ престана да работи во времето на голема популарност.
„Не престана во најголема експанзија, туку во повторната наезда на гости од соседството“. Во една од анегдотите врзани за концерт во Велес во 1992 година, Камиказа се сеќава на моментот кога Поце по концертот го влечеле 50 девојки, тргајќи го секоја на своја страна.
„Тој на полица-јците им вика: помогнете ми бе, а еден полицаец му одговара: Кога ја дигаше опашката сега нека те скубат“. Петар се надеваше дека во публиката на концертот ќе дојдат истите тие девојки кои ја обожавале групата во деведесеттите.
„Не верувам дека ќе дојдат во првите редови, ама во вторите секако“, низ насмевка ни изјави тој. Го прашаа и: дали преработката на песната „Македонија“ од Дадо Топиќ кај нас постигна поголема популарност од оригиналот? Перо скромно и кусо одговара: „За тоа ќе суди публиката“.
За време на изведбата на баладата „Оган под ѕвездите“, во делот кога песната вели: „Птиците да се вратат на југ“, по птиците, вокалот Поце извикуваше – Македонците.
Како ја коментирате актуелноста на овие стихови денес, кога се повеќе млади луѓе се селат од Македонија, го прашаа тогаш Камиказа. „Тра-гично. И мојот син е иселен. Така што…“, рече во Женски магазин.
Ова е нешто за кое Камиказа ретко зборува, нона големо се пишуваше за свадбата на неговиот син на која била пола наша естрада, а се одржала во Скопје, според описот на Драган Б.Костиќ.
„И така…..Перо го ожени синот. На достоинствен, традиционален но модерен начин.
Во Александар палас…Со многу гости.
Луѓе од културата, политиката, уметноста, медицината, спортот, но најмногу од естрадата.
Со одличен музички избор, со неколку формации со пригодна музика…Со настапот на Меморија со две песни, како свадбен подарок на синот Кристијан од таткото Перо и неговата музичка банда. А и најава за можен скорешен концерт. Дај Боже.
П.С. Да нема забуни.Покрај Перо на сликата не е неговиот син. А мојата маленкост си ја искористи можноста да го овековечи мигот, сликајки се со драги личности.Кои ги имаше насекаде низ големата хотелска сала.Да го фати мигот кога за своја душа си пеат Бени и Виолета Томовска, само маааал дел од урнебесната верзија на Дирлада, со Бени и Гранит, со Ристо, со Виолета…
Ова беше повеќе од вообичаеното на Балашевиќ: “Свадба ко свадба…”. Беше….концертна свадба или…свадбен концерт…како сакате.
На кои немаше поделба на гости и домаќини. Сите беа…и едното..и другото.“ – напиша Драган Б. Костиќ тогаш.
Професионално, но и приватно, како посветен сопруг на неговата животна сопатничка, актерката Даница Георгиевска, среќен татко на две веќе возрасни деца – Христна и Христијан, однеодамна и свекор.
Но, сите тие професионални достигнувања и остварувања, сета таа семејна хармонија не ќе беше можна и остварлива, да не биле неговите родители, кои и денес се „старите“ или поточно, основните столбови на семејството Георгиевски“, напиша во една прилика Вистина.мк
Камиказа има и мајка и татко, а кога таткото прославо 93 роденден, тој објави:
„Богатство… Денес, татко ми наполни 93 години, а со мајка ми се близу 70 заедно. Исклучително горд на тоа што на скоро 60 години, се’ уште сум дете за тато и и мама. Во услови на пандемија, само скромен семеен албум, малку пита, торта и радост еден тон. Да даде Господ уште долго време да се радуваме на нивната љубов.
И да, за историја не ми требаат разно-разни комисии. Имам жива македонска енциклопедија со бистар ум како на дечко“.