Бракот е за зрели, возрасни луѓе, не за деца и нè, не е неверство само пpeљубaтa

0

За неверство во бракот се смета чинот, кога еден од сопружниците ќе изврши прељуба.




Но, реалноста е дека ние не сме верни и лојални, ни тогаш кога работата, родителите, своето хоби или било што друго ќе ставаме пред својот сопружник.

Тоа исто така е неверство. И секој кој не е спремен да го постави својот сопружник пред кариерата, пред родителите, пријателите или обичната забава, не е подготвен за брак – и таквиот брак ќе пропадне.




Бракот е за зрели, возрасни луѓе, не за деца.

Кога ќе го закопчаш првото копче во соодветната илика на костумот и останатите копчиња ќе дојдат на своето место. Но, ако тоа прво копче го закопчаш погершно, ништо нема да биде на своето место.

Се работи за тоа дека првите, најважните работи треба да бидат на прво место, да се почитува приоритетот.




Истото се случува и во бракот. Мажи, ако ги поставите вашите жени на прво место
– и вие жени, ако го направите истото тоа – сè останато во брачниот живот ќе дојде на своето вистинско место.

Има многу карактеристики на успешниот брак, но според моето мислење, овие три се најважни:




1.Пофалба. Ниеден брак нема да напредува, доколку во него нема пофалба. На секого во животот му е потребна почит во нешто и од некого. И ништо не може побрзо да ја убие љубовта од постојаното прекорување.




Кога мажите и жените меѓусебно се пофалуваат – во малите или во важните нешта – со тоа всушност си велат еден на друг:

„Те сакам; те почитувам“.

Пофалбата го крепи добриот брак и тоа е она што најмногу им недостасува на денешните бракови.




2. Проштевање. Проштевањето е пресудно за среќен брак.

Кога брачните парови ќе ме прашаат: „Дали нашиот брак може да опстане?“

Мојот одговор е: „секако, под услов да сте подготвени да си проштевате еден на друг“.




А тоа проштавање не треба да постои само после поголеми брачни бури во семејството. Проштевањето треба да биде секојдневно.

Во успешниот брак, мажот и жената постојано си бараат прошка еден од друг. Ако тоа не го правиме раните не зацелуваат. Само сè повеќе и повеќе меѓусебно се оддалечуваме.




Биваме сè постудени еден кон друг и не го примаме благословот што Бог им го испраќа на сопружниците, кои си проштеваат еден на друг.

3.Време. На успешниот брак му е потребно време.

Тоа не се случува преку ноќ. Бракот треба да напредува. Тоа е долг и напорен процес; како и сите вистински нешта во животот, тоа се остварува преку постојан труд и самоодрекување.




Оние меѓу вас, кое сеуште не се венчани или планираат тоа да го направат, нека го запаметат следново:

Живееме во светот кој бара моментално задоволување на потребите, го сакаме тоа што ние го сакаме или нам ни се допаѓа; и кога ќе посакаме, а тоа е веднаш!

Таа нетрпеливост од наша страна е погубна за бракот, дури и во Православната Црква.




Доколку немаме трпение еден кон друг или ако не сме подготвени да поминеме многу години, работејќи на нашето трпение, тогаш нашиот брак однапред е осуден на пропаст.

Ниеден брак не е доволно добар, а да не може да биде подобар и ниеден не е толку лош, да не може да се поправи – под услов оние од кои тоа зависи, да бидат подготвени со помош на Божјата благодат заедно да напредуваат кон полнотата Христова, Кој дојде не да Му служат туку Он да послужи.

Основен и главен предуслов за добар брак е способноста да се напредува.

Незрелоста е еден од најголемите проблеми поради кои пропаѓа бракот.




Сигурно е дека сите ние стапуваме во брак со личен багаж од лоши навики и незрелост. Но, мораме да научиме да ги надминуваме овие работи.

Кога бев дете – поучува св. Апостол Павле – зборував како дете, како дете мислев, како дете размислувава; а кога станав маж, го оставив детинското. (1. Кор. 13, 11)

И колку, навистина, заради среќниот брак, е потребно да се отфрли детинското: неодговорноста, тврдоглавоста, саможивоста, несочувствителноста, темпераментот, љубомората.

Колку е важно да се молиме секој ден:

„О Боже, помогни ми да растам…да се преиспитувам…да ги согледувам потребите и чувствата на мојата сопруга /сопруг, и да ја прифатам одговорноста која Бог ми ја наложи“.

Свештеник Алексеј Јанг

Извор: Покајание

Претходна статијаИгор Џамбазов емотивно раскажа зошто сестра му Тања си заминала од Македонија пред 30 години (ФОТО)
Следна статијаДраган Спасов Дац денес ѝ се обрати на својата мајка со посебен повод (ФОТО)