Тамара Тодевска рече дека уживала во концертите кои оваа напа позната пејачка ги одржа во Охрид и во Битола.
Македонската поп дива блесна во најдобро светло досега, носејќи две златни креации кои совршено ја истакнаа нејзината убавина и уникатен сенс.
„Охрид, уживав“, напиша пејачката во описот на својот инстаграм-профил покрај фотографиите и видеото од синоќешниот концерт. Откако ѝ се случи бурниот период пред 2 години, таа За Фокус претходно има изјавено:
Верувам дека во животот ние самите сме си одговорни за работите што ни се случуваат. Знам дека направив голема грешка и навистина ми е жал за се што се случи.
Не велам дека ми беше лесно тие неколку денови, но од друга страна јас знам која сум, знам што сум и знам во што верувам и ниеден лош коментар или навреда тоа нема да го промени.
Македонија е мојата татковина. Земјата која ме направи појака, похрабра, помудра. Земјата во која растат моите деца и земјата со која се гордеам.
Се во животот е лекција, а јас ја научив мојата“, рече Танара во 2019 година.
Имам прекрасно семејство, го имам најдобриот сопруг на светот и две деца кои се центарот на мојот свет.
Со нивната љубов и поддршка чувствувам дека можам да ги пребродам сите предизвици. Тоа беше тежок период за сите нас, но на еден начин и повеќе не зближи и не направи појаки“, изјави Тамара.
Таа тогаш проговори и за Евровизија:
– Евровизија е најубавото професионално искуство во мојот живот. Доказ дека со тимска работа и многу позитивна енергија сите наши желби се остваруваат. Мојата желба е веќе исполнета.
-Јас бев убедена дека химната ја знам, а всушност не сум ја знаела. Јас си излегов на сцена и почнав да си пеам од срце и од душа, но ете, во еден момент работите тргнаа на друга страна.
Како и да е, се надевам дека со тек на време народот ќе сфати дека била ненамерна грешка и дека навистина не знам што повеќе да направам за да докажам дека тоа не беше политички договор или продажба на мојата индивидуа – рече Тодевска за Репортер.
Посакувам и други наши артисти да ја почувствуваат евровизиската магија, а јас секогаш ќе бидам тука да им помогнам и да ги поддржам“, рече Тодевска во Фокус.
Тамара на својата наследничката, слатката Хана и отвори Инстаграм профил. Таа има и син Дарен. Тамара е сега на заслужен одмор во Грција што се гледа по сликите на нејзиниот Инста профил.
Објави слика во црно бело како ужива на плажа, а на рамото и се гледаат тетоважите, од кои едната е весел балон кој лета, а другата е првата буква од нејзиното име.