Повеќе од десет години го анализирам времето и правам прогнози, но откако се случи немилиот настан во Скопје во 2016 година за мене дозна целата наша држава и стекнав огромна доверба кај народот. Инаку, метеорологијата ја сакам уште од мали нозе. Со нејзе сум се родил, иако можеби звучи смешно.
Ова во едно интефвју за Женски магазин го изјави Славчо Поповски, познатиот метео прогнозер. Аите им веруваат на неговите метеоролошки пргнози, а Славчо навистина ретко промашува.
– Немам никакви притисоци. Дури и институциите доколку има вонредни услови ја следат мојата анализа и прогноза. Моментално работам на тоа за во иднина да бидам дипломиран метеоролог бидејќи мојата работа веќе не може да се нарече хоби.
Да не звучам нескромно, ама ја кажувам реалноста, а и цела Македонија знае дека барем досега немам ниту една утка околу анализите. Мојата работа е 24/7 на компјутер и следење на облачните маси и системи над Европскиот континент. За понатаму со Господ напред.
Како кај многу граѓани и млади луѓе, наглите промени секако влијаат и кај мене. Има моменти кога чувствувам замор, нерасположеност, па дури некогаш и некоја нервоза и главоболки.
Исклучиво работам на метеорологијата и сум премногу посветен кон неа. Соработувам со голем број медиуми и секако истите ми носат и приходи. Со Господ напред, тоа планирам и понатаму да го правам во животот“, изјави Славчо.
ПЕКОЛНИОТ БРАН НЕ СЕ ДАВА ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ! Следната седмица во делови од Балканот би можеле да се мерат рекордни температури од дури 45 степени, состојбата се следи!“, напиша тој за времето деновиве.
Нумеричкиот модел ECMWF не гледа некое поголемо освежување на времето ниту оваа недела, што значи дека и понатаму продолжуваат натпросечно високите температури“, додаде Славчо.
Според најновите анализи со кој располагаме, укажуваат на тоа дека се до крамиот крај на овој месец, како и во септември, територијата на Македонија ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса со потекло од северните предели на Африка и истата ќе условува МНОГУ ВИСОКИ, и значително натпросечни температури на воздухот.
Температурите повремено ќе надминуваат и 40 степени, и тоа во централните и во југоисточните предели, особено до самиот крај на овој месец. А натпросечно топло време, и летни температури ќе имаме и во септември.
Развојот на нестабилност ќе биде поретка и пократкотрајна појава кај нас, што значи дека ќе имаме повеќе суво време, што значи дека сушата и понатаму ќе продолжи во нашата држава, што не оди во прилог со пожарите кои ја зафатија државава во изминатиов период“, објави тој.
И покрај тоа што се чини дека Славчо постојано работи, и тој реши малку да земе душа и замина на краток одмор. Славчо кој е Струга се јави од Охридското езеро и тоа на середе езер, на кајче, и напиша:
Малце и јас имам право на одмор. Голем поздрав до цела Македонија.