По подолго време се јави Адриан Гаџа и откри која е неговата ноќ за паметење (ФОТО)

0

Адријан Гаџа кој беше еден од најпопуларните музичари на нашата сцена од почетокот на 2000-та година.




Тој потоа се повлече од музичката сцена во Макеоднија и повеќе работеше во Косово и во Албанија каде што исто така е доста популарен.

Адриан Гаџа проборе за својот љубовен живот. Во интервју за „1 Тв“, пред две години, Гаџа отри дека е во врска со девојка која живее во Косово.




„Веќе една година сум во врска. Таа не е јавна личност, не е пејачка, не е од естрадата“, раскажа Гаџа. „Порано, ми беше важно да сум со многу девојки, кога бевме помлади мислевме само како да сме главни во некој клуб на сепаре“, додаде Гаџа тогаш.




Тој раскажа дека последниве години, тој е активен на албанската и на косовската естрада, која е многу поголема од македонската и бара поголем ангажман и посветеност.

На прашањето дали наскоро ќе запее нешто и за домашната публика тој одговори дека никогаш не се знае.

Нашиот евровизиски претставник од 2008 година, кој настапи со песната ,,Let Me Love You” заедно со Тамара Тодевска и Врчак и не успеа да влезе во финале, по многуте учества на музички фестивали и освојувањето на албанскиот пазар, пред две години отвори ресторан во Скопје.




Тој пред неколку години кога тивко се повлече од сцената, реши да преминува во угостители и го отвори ресторанот Ча Ча. тој за својот нов бизнис зборуваше во интервју со Лила Стојановска на Сител.




-Угостителската професија ја сакам уште од мал. За да успееш во нешто треба да си 100 посто фокусиран, и повеќе од 100 посто. Ме исполнува оваа работа, а имам време и да одам дома, и да влезам во студио.




Знаеш, студиото ми е дома. Музиката не ми бега, не гледам јас така дека сум се тргнал од музика. Кај и да влезеш кај мене дома има музика, имам музичка опрема, имам чувар, да не се осмели некој да земе нешто“, рече Гаџа.

Неговиот брат е познат виолинист кој живее во Виена, а и Гаџа има завршено нижо музичко, средно музичко и факултет, на инструментот виола.




-Со пеење почнав во прва година средно, имав 14-15 години. Тогаш се пријавив случајно на еден фестивал и победив. Многу беше лесно. После два месеси се пријавив на друг фестивал, и таму победив.




Најголемиот успех е кога ќе пукне некој добар хит, а сум имал некои дваесет песни што ми удриле јако, и одма после хитот доаѓаат наспаи, а концерти, а знаеш како, големите концерти се малку стресни“, рече Гаџа. Потоа Лила го праша:




Имам едно битно прашање за дамите кои не гледаат: Во меѓувреме да не се ожени? Да не имаш намера во меѓувреме да се ожениш? Гаџа одговори: Не, а Лила го праша: Дали си слободен, ете да прашам, а тој рече:

Да, сингл сум, и не сум оженет.

По долго време, пејачот се огласи на Фејсбук и напиша за својот ресторан, и за ноќта што ќе се памети таму.




Во Ча Ча имало јака журка по светски стандарди, а ја организирал токму Гаџа. „Ноќ за паметење“, напишал тој на Фејсбук.

Претходна статијаНа нашите пожарникари ова им е најголемиот пожар што го доживеале (ФОТО)
Следна статијаСлавчо метео објави до кога ќе траат горештините и се јави од необично место (ФОТО)