Сања Лукаревска откри кои се најголемите херои за неа

0

Актуелната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска и заменик-претседател на СДСМ, во едно интервју изјави дека нејзина цел е да се менуваат нештата кон подобро.




Таа на овој начин одговори на прашањето на новинарот од kumanovonews.mk зошто почнала да се заминава со политика.

– Идејата дека може да го променам светот. Можеби ќе звучи нескромно, но веќе покажавме дека работите навистина ги менуваме на подобро, барем во нашата татковина. Ја вративме слободата и демократијата, влеговме во НАТО, отпочнуваме преговори со ЕУ, се грижиме за сите граѓани и создадовме едно општество за сите.




Ова е и тоа како целосно изменета слика од таа црната што ја имавме пред 3 години, нели“, рече Лукаревска. Потоа таа зборуваше и за себеси приватно, и за тоа каква е кога не на работното место.




– Читател на добра книга, љубител на кафе испиено во тишина кој тежнее да си “купи” време за средба со блиски пријатели. Нема голема разлика во мојот карактер приватно и службено.




Истите принципи во релациите важат и во двата сегмента од животот, зошто тие се вредностите на кои ме учеле и со кои сум пораснала – чесност, лојалност, искреност, поддржувач. Но, да, во приватниот живот мора да признаам дека сум многу позабавна.




Збруваше и за тоа како ги бира комбинациите на облека и што најмногу сака да прави во слободно врме. “Сама. Сакам да бидам комотна и своја во комбинацијата што ја носам. Комфорна и сигурна во своја кожа. Но, отворена сум за сугестии и прифаќам критики.




Секогаш е различно. Некогаш е тоа време за пријателите доколку во исто време сме ослободени од обврските, некогаш е тоа време поминато со моите родители, а некогаш време за добра книга или култната серија со разрешените мистерии од страна на Херкул Поаро.

Познато е дека Лукаревска е ќерка на познатиот актер Ѓокица Лукаревски, со кој од време на време зане да објави слика на социјалните мрежи:




– Мислам дека бев мноу возбудена кога требаше да одам на новогодишна претстава во која глуми татко ми, заедно со тогашните мои другари од основното училиште ,,Димитар Миладинов”. Се сеќавам, кога бевме на такви претстави, најчесто во Универзаланата сала, на крај на претставата тој ќе ме пронајдеше во публиката и дискретно ќе ми мафнеше. Тоа го гледаа моите другари, а јас бев пресреќна.




Имаше и такви случаи кога, тој ме носеше на доделување на пакетчиња во Драмскиот театар. Тој Дедо Мраз таму, ми беше многу страшен и наместо да се радувам, бев заледена од страв. И за да ми надомести, Ѓокица знаеше да дојде дома, преправен како Дедо Мраз, да ми даде пакетче и да си оди. И тој знаеше колку е искрена таа детска радост“, изјави таа за татко си во Женски магазин.




Лукаревска, по вчерашниот протест против новите мерки им даде поддршка на лекароте на Фејсбук, велејќи:

Докторите, здравствените работници, сиот медицински персонал заслужуваат најголема поддршка и почит од сите нас .




Во најтешките времиња на свои плеќи го носеа товарот од пандемијата, на сметка на своето здравје и здравјето на нивните најблиски. ТИЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ ХЕРОИ

Претходна статијаМинистерот Филипче пред малку објави дека ситуацијата станува сериозна
Следна статијаСања Ристиќ која била на протестот вчера, раскажа каков народ имало (ФОТО)