Сања Ристиќ која била на протестот вчера, раскажа каков народ имало (ФОТО)

0

Сите ја препознаваме Сања Ристиќ по песната „Ех, тој Тоше“, еден од најголемите детски хитови кај нас. Сања денес е мајка на два сина, Иан и Део, сопруга на ракометарот Дејан Пецаковски и жена претприемач, сопственик на своја фирма.




Сања Ристиќ често го дава своето мислење на Фејсбук околу актуелните состојби кај нас, а така беше и неодамна кога ги повика луѓето да се обединат.

– Освен што многу пријателства се раздробија, избришаа, изнав-реѓаа, изнапонижуваа најниско и си посакаа се најлошо, друг резултат на темава вакцинирани и невакцинирани не мислам дека ќе има.




Едно ќе напоменам, тоа како се обраќате на друг е најчесто слика како се чувствувате вие во моментот.

Во психологијата се вика “проекција”, значи ако на другите велите “многу си пр-ост, гл-уп”, тоа е дека вие се чувствувате такa свесно или потсвесно, нашироко за ова ми објаснуваше интересниот проф. Чадловски на времето.




Бидете сите заедно над сето ова, дебатирајте но пред се почитувајте се! Секој за себе смета секако дека е во право, а дебатите се здрави! Живееме на исто место и во оваа состојба сме сакале или не сите заедно! ДА ПРЕСТАНЕМЕ!“, рече таа.




Сања го мкоментираше вчерашниот протест против новите владини мерки на овој начин:

-Нема да го почнам денот без да го напишам ова! Во врска со вчерашниот протест апсолутно НЕ се согласувам со:




1. На падот на медицинските лица кои сериозно добар дел од нив крв проп-лукаа по 3 смени изминатиот период! Btw имаше дел од нив и на протестот! За говор на ом-раза не сакам ни да слушнам не па да дебатирам!!!!!

2. Политички партии, политичари и останати небитни не видов, не ме ни интересираат. Може да си партиски определен и да не се согласуваш со мерките, нели?




3. За новинарите: Како не ви е срам од 10.000 (ги кажавте стотина) присутни кои беа таму да објавите наслов со единка нешто што довикнала и кажала? Бевте таму да ја видите енергијата, позитивата, сплотеноста на луѓето, прашавте некој зошто е таму?




Зошто не бевте на терен да ги прашате граѓаните зошто се таму? Или ајдеееее еден рече така ама нас тоа ни одговара ЛЕПИ ГО! Аман! Супер е да фаворизирате ама не 100:0, направете некои бедни 90:10, да не зборувам дека треба да сте неутрални.




4. Горење маски и чуда не видов но ако имало сериозно ни тоа не го поддржувам. Живи глупости. Протестот беше за новите неб-улозни мерки апропо кафето и Карлеуша!

На истиот имаше и медицински лица и вакцинирани (со мене дојдени) и угостители и жр-тви на вакцина и професори и млади и стари културни луѓе!




Апсолутно не е ни фер ни новинарски да се лепи наслов за еден довикувач наспроти 10.000 народ кој беше таму и протестираше за апсолутно друга цел! ЌЕ ВЕ МОЛАМ!

Претходна статијаСања Лукаревска откри кои се најголемите херои за неа
Следна статијаПие пиво од чевел, се граба по пари – познатиот српски пејач го допре дното? (ВИДЕО)