Познато е дека пејачката Јуија Мациевска е сега водителка но и мотивационен говорник. Таа со години ѝ помага на својата ќерка Андријана да се избори со канц-ерот, како и многу нејзини пријатели.
Андријана е инаку ликовен уметник, а таа има ќерка која исто така се занимава со уметност, таа е актерка во Турскиот театар. Пред извесно време, Јулија сподели убава вест за својата ќерка.
– Од синоќешниот перформанс во сликање на Андријана Мациев на ,,Кривопаланечко културно лето”. Толку емоции, љубов, почит дозивеавме. Радост од страна на организаторите на манифестацијата, прекрасната публика, за враќањето на мојата голема уметница во живо, помеѓу народот и уметноста.
Благодарам Господи за благословите, мојата најголема радост-нејзината насмевка, животот кој извира и наговестува една нова страница од нејзиното постоење. Таа е мојот херој, победничка, таа е дар од Бога. Не дека ми е ќерка, но навистина е ангел на земјата.“, рече Јулија, и се пофали со уште една убава новост.
Имено, станува збор за настан во Свети Николе каде што награди добиле и таа и ќерката и внуката:
Во Свети Николе,во Домот на културата,се одржа поетско-музичката манифестација ,,Уметност-преточена во поезија и музика” во организација на Милица Паулус-жена кралица,уметница,лавица.
На манифестацијата земаа учество еминентни поети и уметници од областа на музиката.А беа доделени значајни признанија од страна на организаторот.Им честитам од срце на сите уцесници и добитници на тие вредни признанија.
Јас бев навистина изненадена и почестена за многуте награди и признанија кои ги добив,на што сум неизмерно благодарна.Благодарам од срце драга и почитувана Милица Паулус.
Златна плакета за кантавтор. Златна плакета за поетската творба ,,Распната на крстот”. Златна плакета за успесен зурналист и водител на емисијата,,Будење со Јулија”, Златна статуета
Ова беа моите награди.Изненадувањето беше големо, кога Милица им додели награди на мојата ќерка Андријана Мациев – платинеста плакета за севкупен ликовен опус и на мојата внука Стефанија Начевска,како млад актер,за улогата на Госпоѓица Јулија.
Почитувана Милица,јас и моето малечко семејство,ќерка ми Андријана и внука ми Стефанија,уште еднаш од срце ти благодариме и ти посакуваме и понатаму успешна мисија.“, рече Јулија. А, нејзината најголема победа е здравјето на ќерката кое сега е многу подобро.
-Денеска на онкологија,Андријанче примаше имуно терапија.Се помина во најдобар ред,фала Му на Бога.
Потоа радосни се фоткавме со Др.Мери Пешевска и сестра Маријана Лутовска.Поздрав до Др.Нино,кој заслужено е на годишен одмор.
Дали знаете драги пријатели,какво е чувството кога ќе поминете голг-ота и го гледате своето дете,како полека се враќа во форма,како му се радува душата и се смее од срце.Нема поголем подарок за мајката.
Фала Ти и слава Господи. Ви испраќаме љубов и благослови од се срце.