Игор Џамбазов даде нов предлог за името на Македонија

0

Во времето кога ј промовираше книгата „Облечен човек“, Игор Џамбазов даде интервју за Утрински весник и раскажа многу интересни нешат за својот живот и општо за неговите размислувања:




-Мојата генерација се’ уште се држи многу добро. Иако има примери кои веќе му се предале на забот на времето, се откажале од тоа да изгледаат добро. Си имаат свои секојдневни маки и борби, па немаат доволно време за себе и својот изглед.




А што се однесува до мене, јас станав токму онаков каков што заслужив. И не се каам заради тоа. Се ла ви.

Во сите мои книги, особено во предговорите, инсистирам на тоа дека јас не сум писател.




Моите книги можеби немаат некаква посебна литературна вредност, но имаат нешто што повеќето книги го немаат. Искреност и самокритичност.

А тоа луѓето го сакаат и почитуваат. Затоа моите книги се читаат по плажи, скијачки терени, во опуштена атмосфера, на веце шолја…




И што е најважно, моите книги се позајмуваат за читање, па одат од една куќа во друга, од едно друштво во друго. Тоа се книги од кои многу цитати им се допаѓаат на младите, па често ги објавуваат и како статуси на социјалните мрежи, што бескрајно ме усреќува.




Се обидувам да бидам поучен, иако повеќе сум меланхоличен. Приказните што ги пишувам во „Облечен човек“ се обични, човечки и возможни. Иако во животот одамна се’ е невозможно.




На младите генерации таа меланхолија и носталгија за младоста можеби ќе им биде смешна, ама ќе ги видам нив кога тие ќе дојдат на мои години.

Приказните им се посветени на мои многу драги луѓе кои оставиле печат во мојот живот.




Има приказна за татко ми, за дедо ми Петре, за мојот прерано поч-инат колега од класата по глума на Факултетот, Бранко Ѓорчев, како и приказни за неколку многу важни жени од моето минато. И само жените во книгата се со псевдоними, сметајќи на нивната сегашна ситуација – брак, деца, кариера…




Колку и да биле убави, згодни, умни, возбудливи и откачени, сепак, во еден момент ми станаа премногу. Подоцна се оженив, па се смирив (во таа смисла). Откако сум повторно сам, жените и јас имаме многу необичен однос.




Тие се плашат од мене, од моето минато, а јас се плашам од нив и од иднината со нив. Иако сум сам, не сум осамен. Тука се моите пријатели, кои на некој начин, со своето присуство и грижа за мене, ми ја пополнуваат таа празнина.“, рече тогаш Игор.

Години подоцна, тој е среќно вљубен во планинарлата Илина Арсова со која ужива во секој заеднички миг.




Џамбазов на својот Инстаграм профил сподели уште една оригинална објава во која не шега кажува како според него треба да се вика Македонија. „Нов предлог за името. Северина Македонија“, напиша Џамбазов.

Претходна статијаПејачката Јулија откри зошто е радосна и раскажа за здравјето на својата ќерка
Следна статијаБрена ја покажа јахтата со шест спални за која искешира еден куп пари (ФОТО)