Нашата позната водителка раскажа за што ќе ѝ биде потребно 27 години во Австралија (ФОТО)

0

Секој ден ми започнува во исто време, будење во 7.30 (без аларм). Потоа следува утринското кафе кое е најслаткото кафе во денот. Се пие полека и во друштво на мајка ми и сестра ми и папагалот Живко-Жиле кој не „малтретира“ со неговото пеење сабајлечки.




Ме мотивираат многу работи: успешни животни приказни, луѓе со убава енергија, ме мотивираат и инсппирираат советите од татко ми. Од луѓе што биле, виделе, допреле искусиле дел од светот“, изјави во една прилика водитрелката Спасија Вељановска.




Таа својот „Занает“ почна да го учи во Македонската радио телевизија, а потоа се префрли во ТВ 21 каде што ја водеше емисијата Урбан таг. Потоа, Спасија се повлече од ТВ екранирте, и имаше добра причина за тоа, љубовта. Таа е сега мажена во Австралија за Џек, нашинецот од таму.




– Се запознавме преку наша заедничка пријателка, а потоа комуникацијата продолжи на интернет. Бидејќи тој живее во Бризбејн, Австралија, поради временската разлика од 8 часа најголема жртва ја поднесе тој.




Станува во 3 часот наутро пред работа за да имаме повеќе време да си поприкажеме. Што се однесува до неговата професија, има две градежни фирми и неговото темпо е доста динамично, но кога има љубов ништо не е тешко дури и да се тргне „пешки“ од Австралија до Македонија“, рече таа во Женски магазин кога живееја одвоено, тој во Австралија, а таа во Македонија.




Ме запроси на 29 декември, во неговиот дом, откако му подготвив макарони (кои ми се специјалност), со најубавото прашање кое досега ми било поставено: „Бејб, ќе ми правиш ли макарони целиот живот?“, вели Спасија за оригиналната свршувачка со Џек.




„ Морам да раскажам дека имавме два месеци компликации околу документите за виза, нашите институции правеа грешки околу презимето и додатно ја отежнаа работата. Џек сакаше да се вратам со него во Австралија и заедно да дојдеме пред свадбата. Но јас инсистирав да ја завршам сезоната со „Урбан таг“.




Сфативме дека временски нема да стигнеме, па повторно го сменивме планот, јас да дојдам штом ми стигне визата. Границите се затворија на 17 март, јас добив виза на 18 март“, раскажа таа за патешествието што го имале.




„ Далечината за љубовта е како ветрот за свеќата – ако е пламенот мал, ќе го изгасне, ако е голем, ќе го разгори.

Модерната технологија исто така има голема заслуга. Ние не комуницираме само тие 8 часа додека спиеме, остатокот од денот ги користиме социјалните мрежи и модерната технологија да комуницираме преку видео јавување“, додаде Спасија минатата година.




Сега тие живеат во Бризбејн и се многу среќни заедно. Спасија објави слика од прекрасна плажа во Австралија каде што сега живее и напиша: Доколку секој ден посетувате по една плажа во Австралија, ќе ви бидат потребни 27 години да ги посетите сите.

Претходна статијаЕве што прави музичарот Коки на клупа пред Драмски (ФОТО)
Следна статијаИгор Којиќ низ песна го нарече бракот со Северина ѓубре