Милена од Канал 5 очекува принова, го откри полот на бебето

0

Милена Антовска- Станковска секогаш има убави зборови за сите, и е искрена на социјалните мрежи.




Милена им е омилена на гледачите од сите генерации, затоа што кога ќе се појави а Тв екраните е одмерена, стокмена, знае да ги сослуша гледачите за сите нивни проблеми и да им понуди решение.




Таа во една прилика сепак искрено кажа која е нејзината голема маана. Таа рече дека нејзина е можеби тоа што често себеси се става на последно место. Милена се запраша дали тоа е дали е добро тоа или не, но рече дека времето ќе покаже.




Милена во интервју за Хаштаг зборуваше каква била во тинејџерските денови. „Во принцип не сум многу променета од тогаш.

Се’ уште сум ведра, насмеана, комуникативна, дружељубива. Сега сум малку посталожена, што е нормално заради мајчинството, но како и да е детето во мене живее.




-Навистина имав прекрасни тинејџерски години. Многу убав период од животот. И во средно училиште и почетокот на студентскиот живот. Мислам дека секогаш ќе тагувам по тие години.




Иако имав и тогаш обврски некако бев безгрижна, полетна, ништо не ми беше тешко да направам, запознавав нови луѓе, стекнував нови знаења и искуства“, изјави Милена.




Таа е сега мајка на слатката Лана Марија и сопруга на Гордан Станковски. Во истото интервју таа откри како ја воспитува својата ќерка:

-Па, не би сакала да учи преку моите грешки. Би и посочила се’ што е добро и се’ што е лошо, па сама ќе си одлучува понатаму.




Секако, јас и сопругот секогаш ќе бидеме тука за неа кога и да побара совет од помош од нас, но поентата ми е дека секој сам мора да одлучува, па и да згреши некогаш подобро е сам/а да види дека згрешил/а и да си научи од сопствените грешки и да извлече поука“, изјави Милена.




Порталот ММС објави убава и среќна вест за водителката, дека таа е во блажена состојба, а Лана Марија ќе добие уште една сестричка. Таа за истиот медиум изјави:

-На половина бременост сум. Уште малку и ќе бидам во петтиот месец. Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско , наша втора ќерка и Лана Марија ќе си добие сестричка.




Уште едно девојче, навистина многу сум среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме и син, но не ми е жал. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите. Па ако е така јас и Гордан со две ќерки значи ептен ќе бидеме чувани, рече Милена за ММС.

Претходна статијаПознатата писателка прозборе за она што многумина ги мачи: Ако вам, кои никогаш сте немале такви симптоми ви изгледа преувеличено, замислете како им е ним секојдневно
Следна статијаБорче Стаменов донираше 1000 компјутери, а некои луѓе го осудија: Имате ли малку образ? (ФОТО)