Познатата писателка прозборе за она што многумина ги мачи: Ако вам, кои никогаш сте немале такви симптоми ви изгледа преувеличено, замислете како им е ним секојдневно

0

Писателката и уметник Марија Лозаноска, која е инаку сестра на познатиот пејач Влатко Лозаноски, на Фејсбук разговараше за една чувствителмна тема која многумина ги засега, а можеби немале храброст да признаат:




Лозаноска во своето обраќање зборува за социјалната анкзиозност и објаснува какви се тие луѓе кои се борат со неа и како треба да им се пристапи, според неа. Пва е статусот на Марија Лозаноска:




– Сакам да разговарам за една доста чувствителна тема со која се борат доста поединци иако не се свесни за тоа. Се работи за социјалната анксиозност.

Порано анксиозноста не се вбројувала во состојби на умот туку била спомнувана најчесто во негативен контекст: нервозен си, забеган си, си замислуваш, правиш филмови.




Меѓутоа, тие правења филмови, знаат да бидат измачувања за оние кои имаат таква анксиозност.

Ние како битија сме групирачи, односно фунционираме во група. Оние кои имаат ‘нервоза’ и неудобност меѓу поголема група, знаат да се повлечат во себе и да се оддалечат од сите.




Во нивната глава, кога се во група, се случува следново: сметаат дека се најглупави во групата, дека ќе кажат нешто што не треба, дека нема да бидат сослушани, сфатени сериозно, ќе се исцрпат од преголемото мислење и следен пат нема да сакаат да излезат.




Нив им е потешкотија да зборуваат ‘празни муабети’ кога ќе се сретнат со познаник. За еден кафе-муабет, сметаат дека треба да смислуваат однапред теми за да се чувствуваат добро во своја кожа. Сето ова резултира со намалување на кругот на пријатели.

Ако вам, кои никогаш сте немале такви симптоми ви изгледа преувеличено, замислете како им е ним секојдневно.




Тие луѓе не се глупави. Честопати самодовербата не игра улога, туку нивната пречувствителна природа. Не можат да бидат во сечие друштво затоа што знаат да бидат ‘исцедени’. Избегнуваат забави, концерти, збиранки
За нив е тоа престрашно.




Не ги форсирајте. Ако забележите некој таков ќутлив во друштво, тивко обратете му се и прашајте го нешто за него интересно (никако од типот ‘зошто молчиш’) без да забележат другите, не сака внимание од сите, ќе се дозбуни.




Ќе одговори нешто сосема друго, ќе се ‘исплетка’ и нема да сака да се врати во истото друштво. Социјалната анксиозност постои, но како да не се зборува за неа. Велат дека е недружељубив, дека се занесува, дека бара многу.




Само е преплашен. Она што за вас е забава, за некои е изма чување. Тие сакаат длабоки муабети и не ги викајте на кафе со непознати луѓе. Дури ни со познати, одете вие двајца. Ако сакате да им помогнете, не ги групирајте, нема пак да ги видите.




Некои ќе ги наречат интроверти, јас ќе ги наречам прекрасни сами по себе и нема да им давам етикета. Генијални се. Само бидете им тука.“

Претходна статијаПознатиот битолски пејач стана угостител, одлично му оди, полно гости секоја вечер (ФОТО)
Следна статијаМилена од Канал 5 очекува принова, го откри полот на бебето