Ксенија Николова: Сакам уште само едно нешто, но, тоа е во рацете на Бог, а тој знае што прави

0

Писателката Ксенија Николива е една од најпопуларните и најцитираните јавни личнсти кај нас, на социјалните мрежи. Во 2017 година, таа го издаде својот роман „Емотивен манипулатор“.




Оваа година, истиот го претстави и на бугарската публика, а тоа, според нејзиното интервју за Плус инфо, е резултат на взаемната желба и труд. Чувството за нејзе е неверојатно и излегувањето од границите на Македонија со нејзината уметност, отсекогаш ѝ било желба.




– Во Бугарија ме пречекаа одлично, медиумите ја поддржаа промоцијата на романот и морам да кажам дека засега реакциите се навистина позитивни. Чувствувам огромна благодарност до издавачката куќа во Софија – „Персеи“ којашто ме поддржа и застана позади овој проект. Одиме понатаму, ме чекаат уште неколку интернационални врати на кои ќе тропнам наскоро.




Не пишувам со страв, бидејќи не пишувам со цел. Не бркам успех, тој доаѓа како последица. Сосема е нормално некому да не му се допадне мојата уметност. Но, истовремено мојата радост доаѓа тогаш кога мое дело некому ќе му го стопли срцето.




Јас не се предавам, јас се борам и точно знам што сакам. Јас не се навредувам кога некој ќе ме одбие, не се разочарувам, туку одам понатаму. Така беше и со приказната за мојата уметност“, рече таа.




Писателката често знае да раскаже лична приказна на Фејсбук од детсвото од младоста и од сегашноста. Нејзината сегашна приказна е поврзана со роденденот кој го прослави.




Се наоѓам во една точка од мојот живот, во која најважни ми се овие нешта: Спокој, Добро физичко и ментално здравје; Планирање во тишина; Разликување на небитни и битни настани, луѓе и информации; Почит; Секојдневно растење.




Научив да не правам компроси за овие нешта, бидејќи сфатив дека без нив не можам да одам по патот на среќата. Ја пронајдов сопствената среќа, и конечно умеам да разликувам многу работи. Се чувствувам корисно, убаво и мирно. Имам денови во кои моето море има бранови, но умеам да се вратам и да го најдам својот баланс.




Го најдов мирот по кој долго време талкав. Не сакам ништо повеќе, бидејќи сите желби ми се исполнуваат благодарение токму на тој мир, кој носи здравје, емпатија, желба за работа и дисциплина, и секако инспирација.




Добро, сакам уште само едно нешто. Но, тоа е во рацете на Бог, а јас знам дека тој знае што прави. Да сте живи и здрави, ви благодарам за секој убав збор и посветено време.




Претходна статијаЦеца за првпат прозборе за љубовта со Богдан и каква е со мажите
Следна статијаБаба и дедо нон-стоп плачеле, соседите пријавиле, дошла полиција – нема кој не го допре оваа приказна