Каролина Гочева е една од нашите најпознати пејачки, а почитувана е во целиот регион. Српските медими еднаш ја нареако сон на секој маж. Таа е во среќен брак со уметникот Михаил Корубин.
Каролина во една прилика сборуваше за својот стил и имиџ, во интервју за Фешнел и за нејзината пријателка Цаци Паковска.
-Цаци е еден од најдобрите познавачи на светските модни трендови и за една минута знае да направи неверојатни комбинации, а и да спојува на прв поглед неспоиви парчиња.
Работиме повеќе од 10 години, а и приватно доста се дружиме и секогаш избираме стајлинзи и комбинации во кои се чувствувам добро, а мојот стајлинг приватно не се разликува премногу од сценскиот, освен што на сцена секако имаме малку поекстравагантни моменти.
Секако дека ми се случиле, нормално дека и јас кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја зап+алам(се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа.
Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови.
Ја следам модата колку што имам време, јас навистина не сум моден зависник. Секако, поради природата на мојата професија поседувам и дизајнерски парчиња.
Особено чевли, но иако приватно не ги носам често, туку главно на сцена и за разни фотосесии, ми претставува задоволство да знам дека си ги имам по дома, а знаеме дека секое задоволство чини доста“, рече Каролина во Фешнел.
Каролина во Женски магазин зборуваше за тоа како го поминала тешкиот период на пандемијата и зошто ниту еднаш се нема огласено на социјалните мрежи.
-Не се огласив затоа што сум свесна дека условите за наше нормално функционирање беа речиси невозможни. Велам беа, затоа што сега веќе почна да ми се враќа надежта дека наскоро ќе може да застанеме пред публика, без страв.
Инаку, изминативе години (пред пандемијата) работев поприлично, имав многу концерти и различни настапи, соработував како заштитно лице на некои од најуспешните наши и странски брендови, па годинава и добро ми дојде непланирана пауза.
Но, секако ова беше еден многу тежок период за нашата бранша и се надевам дека нема да се повтори.
-Јас сум одамна познат “домашар” меѓу своите блиски и без пандемијава отсекогаш знам доста време да поминувам дома и да не ми е досадно.
Кога почна сѐ ова, во шега знаев да кажам дека не гледам никаква промена и дека ми е исто ко претходно, но мислам дека веќе стварно сите си ја сакаме назад слободата.
Инаку, изминатава година ги догледав и тие не многу филмови и серии кои ми беа останати, се изначитав книги, усовршив готвење, неколку пати прередив плакари, садев цвеќиња, вежбав редовно…
Таа неодамна сподели убави слики од одморот на Крф, каде пшто беше со сопругот, Михаил Корубин. Познато е дека Каролина има многу добри пријатели, а еден од нив е стилистот Дадар.
Каролина му го честиташе роденденот на својот драг пријател со овие зборови: Среќен роденден Дацко мој најубав, те сакам“, напиша Каролина.