Лепа Брена во Битола се сликаше со еден од најпознатите Битолчани (ФОТО)

0

-Јас од секогаш сум сакала да пеам македонски песни, ја обожувам македонската музика и мислам дека некако најубавите забави биле со македонски песни, не само тука во Македонија, туку каде и да одам. Како може да се пее, а да не се испее некоја македонска песна.“




Ова го има изјаевни Лепа Брена во едно интервју за centar.mk. Брена во еден период од својот живор, заедно спо сопругот Боба Живојиновиќ има живеено во Скопје, во времето кога тој имаше свој бизнис во Македонија.




Брена искрено има кажано дека нејзиниот пат до славата бил трновит, и не ѝ било лесно да стане она што е денес, една од најпознатите и една од најбараните, но и најбогатите пејачки.

-Не можам да им верувам на луѓето кои поминале низ тежок живот, а потоа велат: „Јас би го направил тоа повторно“. Да се родам повторно, никогаш немаше да го направам ова.




Не само како Лепа Брена, туку како претседател или кралица на светот. Тешко и тешко е жената да биде жена и деловна жена. Децата не ги интересира успешна мајка која прави кариера како пејачка и заработува добро.

Кога би можела да го вратам времето назад, никогаш не би била Лепа Брена – вели пејачката во интервјуз а Курир.




– Јас со години наназад се научив да живеам како војник, и да бидам строга кон себе си. Секое претерување би ми наштетило, без оглед дали е тоа претерување како недоволна физичка кондиција на пример, која ќе донесе последици.

Пеењето е како возење велосипед, тоа е нешто што никогаш не се заборава, но пејачката кондиција зависи од физичката кондиција. Јас одамна се одреков од некои животни задоволства.




Смешно ми е кога ќе слушнам на нашите простори кога луѓето велат: Ако не јадам и ако не пијам и не пушам, за што тогаш живеам? Јас имам многу други причини да живеам.




Научив да бидам умерена во храната и да си скратам многу работи кои претставуваат балканско задоволство. Јадам се помалку месо, и за себе можам да кажам дека не постам секоја среда и петок, туку постам веќе 35 години.




Ако јадам месо, тоа е еднаш во неделата. Мојата исхрана се сведува на некои лесни протеини, супи, чорби, можеби некоја јапонска или тајландска храна. Секоја храна, само не оваа нашава балканска.

Понекогаш ќе ми се случи да изедам некоја сарма, или некое месо, но потоа ќе се покајам, затоа што јас тоа не можам да го сварам“, рекла Брена во Женски магазин.




Мислам дека на овие наши простори е многу здодевно ако речете дека живеете еден нормален живот. И тие написи се нешто што ги одржува читателите на порталите. На таквите луѓе не им е интересно ништо што е нормално.

А ние сме едно нормално и здодевно семејство. Медиумите нека си работат својата работа, ние нема да демантираме“, додала Брена. Таа е сега во Битола, каде што имаше настап.




Брена се сликаше со пејачот Димитар Андоновски дотерана тип-топ, во бело, но она што Брена го облекла не наликува на нејзиниот стил. И фризурата е доста класична, но и фустанот и кошулата.




Иако оваа комбинација за Брена е пресериозна, сепак убаво и стои. Таа на Инстаграм се пофали дека убаво си поминала во Битола, а на една слика изненадува со исплазен јазик.

Лепа Брена во Битола се сликаше и со еден од најпознатите битолчани, поранешен водач на навивачката група Чекмбари, Кире Катанга.

Претходна статијаКаролина со емотивна честитка: Среќен роденден најубав, те сакам!
Следна статијаСлавица Ќуктераш повредена, не гледа на едното око (ФОТО)