Македонското поп-рок дуо „Ај Кју“ , Бојан Трајковски и Марија Ивановска, минатата година се иселија од Македонија и живеат во Лондон, откако неодамна добија виза, објави Слободен шечат минатата година.
Тие си заминаа од државата, а Марија, која ја потврди веста за „Репортер“ изјавила: „Летаме рано изутрина и едвај чекам да тргнеме. Многу сум возбудена, највозбудена“ откри пејачката.
Бојан и Марија после Евровијзија често одеа во Англија каде што имаа настапи, но и снимаа со англиски продуценти, а минататата година во септември тие настапија на „Макфест“ со песната „Ти си ми сон“.
Пред Марија, во групата беше Леана Таќи, а таа е ќерка на Гранит Таќи, познатиот музичар од „Лева патика“. Групата на почетоците на преработи „Не заборавај“, една од песните на Калиопи, а откако дојде Марија, преработија уште еден голем детски хит кој стана хит за сите генерации „Боби, баш ми е гајле“.
Потоа, се редеа и песните: „Само сакав“, „Убава“ , „Колку пати“… Потсетуваме дека тие во 2018 година ја претставуваа Македонија на „Евросонг“ со песната Lost and Found, во Лисабон, Португалија, но не влегоа во финалето.
Марија и Бојан никогаш во јавноста не кажаа дека се пар, но тие освен што соработуваат музички, се двојка и приватно, и кмаат свое музичко училиште каде што се обучуваат млади таленти.
После Макфест минатата година, екипата на Точка на дел од изведувачите со кои поразговарарале им поставиле трик прашање – колку се задоволни од тоа како ја испеале песната, со оглед дека оваа година сите настапи беа на плејбек.
„Досега не сме пееле на плејбек, навикнати сме да пееме во живо, но, еве, сега научивме дека можело и вака“, вели Марија.
– Сега веќе утрата ми изгледаат малку поинаку бидејќи се преселив во Англија и ми почнуваат со чај наместо со кафе хаха. Обично навивам аларм за да можам да станам порано и кога ќе ми се вклучи аларамот го ставам на „снуз“ за да се доспијам уште 15 минути и тоа е мојот прв ритуал.
Во оваа околина природата е прекрасна, луѓето се многу приемчиви и срдечни и секогаш те поздравуваат особено наутро и тоа некако ми го прави денот. Во Англија и веќе почнуваме да работиме на нови проекти за кои соработуваме со доста искусни и интересни соработници и луѓе од музичката фела.
Мислам дека оваа есен ќе биде повеќе ориентирана кон снимање и работа во студио бидејќи настапите во живо се се уште невозможни поради целата ситуација“, изјави Марија од Лондон за skopjeinfo.mk.
– Ме мотивира целта, убавата и позитивна енергија и критиките. Секогаш кога ќе си замислам кои би биле придобивките од крајната цел и тоа што сакам да го постигнам ми дава уште поголем елан и ентузијазам за исполнување и достигнување на истото.
Ме мотивираат храбри мотивациони говори и кога сум сведок на успешни приказни на личности во мое опкружување, а особено кога се работи луѓе со светски успех“, изјави за Женски магазио Марија.
Марија на Фејсбук се пофали со нов ангажман на гриупата, и тоа концерт по повод 30 години незавиосност, баш во Лондон, кој ќе има и стенд ап комедија. Влезот е 22 фунти или околу 1600 денари.
– Прослава триесет години независност, за прв пат стенд ап на македонски јазик заедно со Vlad Ilich и нашите Eye Cue како музичка подршка, во едно од култните места во Лондон, Q – Shoreditch.
Настанот вклучува многу смеа, добра музика и пијалок за добре дојде (пенливо вино).
Седиштата се на база на прв дојден, прв услужен. Билетите се во ограничен број“, пишува во настанот.