Уживанција на преубав остров, пејачката Дани зане како се живее (ФОТО)

0

Дани Димитровска е една од нашите најубави и најуникатни пејачки. Во една прилика, за Фешнел.мк Дани коментираше за тао дека медиумите често пишуваат написи за тоа како изгледа и дали качила некој килограм повеќе.




-Навикната сум на такви коментари и ги сметам за нормални медиумски моменти, на тие луѓе тоа им е работа, а кога јас ќе почувствувам дека ми треба фитнес, одам во теретана и го средувам тоа што мора.

Не ми се важни туѓите мислења и како што се чувствувам тоа го правам.




Секогаш кога доаѓа лето сум дополнително мотивирана да излезам од дома, баш овој период почнав да трчам на кеј и да одам на фитнес, здраво се хранам и не сум човек што може тоа постојано да го прави преку цела година, објаснува Дани.

-На шопинг одам наменски кога ми треба нешто но, понекогаш знае да излезе од мене тој женски момент да купам било што само колку да потрошам некој денар. Актуелните трендови ги применувам само доколку одговара на мојот карактер, ако не само поминува покрај мене и толку“, рече таа во истото интервју.




Познато е дека Дани е мајка на Лазар и е во врска со Весел, поранешен кошаркар и сопственик на еден скопски угостителски објект.

– Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување. Со години живеам во хармонија со својот партнер во заедништво.




Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира.




– Партнерството ми е вредност. На кој не му е, а јавноста знае сѐ она што сака да знае. Моите најблиски не ми делат мислења, вистински блиските луѓе не паметуваат. Тие поддржуваат.




Како што кажав погоре, моите најблиски не се расфрлаат со паметувања. Син ми точно го знае значењето на музиката во моето срце. Очите му се смеат на моите остварувања и секогаш е безрезервна поддршка. Возрасен е“, рече Дани во Женски магазин.




-Јас ги почитувам сите слободи на секој човек, вклучувајќи го тука и мојот син. Сум пробувала да инспирирам, никогаш да влијаам, меѓутоа тој со музика нема апсолутно никаква допирна точка, освен тоа што мајка му е музичар и ништо повеќе од тоа.




Сака музика, гитарата ја потсвирнува, меѓутоа никогаш не сакал да нурне длабоко во тој свет, веќе си е во некој свој. Јас тоа го почитувам, функционира супер. Втора година е на факултет, во Холандија, и тоа е тоа.




Секогаш коментира, добро сепак е возрасен, за некој месец ќе наполни 21 година, и баш ми е некој вид на гласот на младоста, значи од генерација кои сега влагаат во овој возрасен свет. Коментира скоро секогаш, посебно на Инстаграм знае во инбокс да ми напише:




Мамо, тргни ја сликава!“, рече Дани за својот син во емисијата „магазин“ на Сител.

Убавата Дани со дечкото беше прво на одмор во Албанија од каде што објави слики од куќа на самата плажа, кои ја покажаа романтиката во која уживаат таа и Весел.




Сега, пејачката е на грчиот остров Тасос и објави убави слики од плажа, кои го покажуваат уникатниот стил на Дани, а се гледа дека пејачката во овој одмор комплетно ужива.

Претходна статијаГи снема од Македонија ама им тргна во Англија, овие наши музичари добија посебна чест во Лондон (ФОТО)
Следна статијаД-р Сашко Николов му одговори на радиолошкиот технолог, кој пак претходно одговори на неговиот статус