„ Многу претстави и филмови поминале пред моите очи и во мојата душа, во овој живот. Жанрот бил различен. Од комедија, до хо-рор, до љубовна драма“, има изјавено виолинистот Никла Јанков познат по прекарот Коки.
Тој и неговиот другар Дуле кој за жал од 2013 година веќе не е меѓу нас, долго време ги забавуваа сите генерации на нивните свирки.
– По 20 и повеќе години заедно, по можеби околу 250 настапи во годината во просек, и по 5 години откако Дуле не е меѓу нас, што човек може да каже во една реченица? Ништо, а можеби и многу.
Дали дуото Дуле и Коки постои? Јас би рекол ДА. Затоа што сѐ уште слушам во публиката како луѓето извикуваат: „Марама“, ако може“, „Виолина и гитара“, „Колку треба да се плати“. Ги бараат.
Е, некој треба да ги испее тие песни по настапи. Тоа сум јас, заедно со таа публика“, Коки во Женски магазин. Виолинистот вели дека му тешко во тие моменти, но песните треба да живеат, поради Дуле.
-Нема ден да помине а да не помислам на лудориите и глупостите што сме ги правеле со Дуле, уште од деца, во Пионерскиот дом, па во извидници. Ееј, колку пати логорскиот оган ќе изгаснеше, а ние околу него, не застанувавме да свириме со гитарата и со виолината до сабајле, ама знаевме дека ќе ќариме и по некоја женска.
Дуле го сакаа повеќе од мене, тој беше пејачот, нема лутиш. Во средно школо, почнаа првите сериозни свирки по Штип. Се знаеше, едно: „Добро вечер“, беше доволно да каже Дуле, и вечерта веќе беше успешна и настапот беше за паметење“, вели Коли и додава дека истата традиција продолжила низ цела Македонија, и во следните неколку години од првата свирка, и останала до последната.
-По, строфа,две, стално иде рефрен,и со години така, баш секој ден и секоја нова девојка ме потсеќа на тебе, ептен“’, овој стих е изваден од една наша песна. Не ми се зборува секогаш, не секогаш ти се пее и ти се свири, ама одиме понатаму.
Километражата си го прави своето, ама затоа има нови песни, нови среќавања, нови видувања, нови идеи. Имам да зборувам многу, но ќе оставиме да зборува времето и песните. Овие зборови нека се заради 23 септември,таков е денот“, раскажа Коки на денот кога Дуле го напушти овој свет.
тој е татко на Лара која ја има од бракот со Росана Петревска, и редовно настапува со своката виолина. Сега, откако Владата донесе нови мерки само имунизирани да можат да влезат во угостителски објекти, Коки објави интересна слика:
После 30 години у кафана, на клупа пред Драмски. Па јас ли сум крив што немам прележено, немам ни анти тела. Те така!“, напиша Коки со штипски акцент.