Брена ја покажа јахтата со шест спални за која искешира еден куп пари (ФОТО)

0

Во времето кога Александра Пријовиќ го роди синот Александар, кој е син од бракот со Филип, Лепа Брена која му е маќеа на Филип но го смета за свој син, уште на самиот почеток го предупредила новинарот дека ќе го прекине интервјуто ако тој ја ословува како „баба“.




„Јас сум само сопруга на дедото. Немој да ме викате баба и слично за да не го завршиме интервјуто“, изјавила со насмевка на лицето пред ТВ камерите, Лепа Брена.

Веднаш потоа мегапопуларната пејачка дала коментар на раѓањето на малиот Александар, синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.




-Тоа е една неопишана среќа, љубов, радост, но да ги видиш Александра и Филип со тоа мало бебенце, кога ќе ги видиш своите деца со дете… Не знам многу е тешко да се опише таква врста на љубов, се обидела Лепа Брена да најде вистински зборови.

Според неа младата Александра е фантастична мајка, која веднаш по само една ноќ станала од креветот по породувањето со царски рез. Таа во една прилика, пред да одржи концерт во Охрид, за Вистина.мк има изјавено:




– Охрид е место со специфичен сензибилитет. Охридската пастрмка е нешто на што тешко можам да му одолеам.

Го сакам македонското гостопримство и кога пред неколку години бевме на финалето на Sвездите на Гранд уживавме во сите деликатеси на ова поднебје, но и во природното гостопримство.




И секогаш со задоволство се враќам секаде каде што луѓето ме сакаат, а фала му на Бога такви места ширум светот има навистина многу.

Само посветена работа ве води во нови бизнис сфери и унапредување на работењето. Никогаш не сум се задоволувала со тоа да бидам само естрадна личност. Лепа Брена прерасна во сериозен бренд исклучиво затоа што од самиот старт имаше визија што е инвестирање во работата.




Тој принцип на работа го применивме кога ја стартувавме Гранд продукција, потоа кога почнувавме со Гранд ТВ и резултатите од нашата работа и рејтинзите кај публиката – денес кажуваат се“, рече Брена за Вистина.




Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ купија јахта долга 30 метри, за која наводно дадоа околу 6.000.000 евра, за да го обиколат светот, а оваа година пловеа по Медитеранот со сестрата и пријателите на пејачката.




И иако многу зборуваше за неа, а самата пејачка откри дека има шест спални соби, досега не покажаа како изгледа целиот брод. Таа објави фотографија пред јахтата со пријателите и членовите на семејството, а потоа напиша дека ужива на одмор кој ѝ бил многу важен.




– Патуваме затоа што патувањето, различноста и далечината се тајните освежувачи на креативноста на нашиот ум – напиша Брена.

Па, тоа е убав брод од околу 100 метри, со пет, шест спални соби. Тоа не беше подарок само за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто бидејќи тоа беше специфична ситуација – рече Брена.




– Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така, имав барем една година пауза и одмор за да поминам низ она што навистина го сакав цел живот, да пловам и да бидам на вода.




Ги сакам морето и водата. И сакам и бродови – рекла Брена во претходното интервју.

Претходна статијаИгор Џамбазов даде нов предлог за името на Македонија
Следна статијаТоше ѝ одговори на Сања Ристиќ која се побуни против барањето сертификат за имунизација: Сањичка, касниш 80 години