Тоше ѝ одговори на Сања Ристиќ која се побуни против барањето сертификат за имунизација: Сањичка, касниш 80 години

0

Сања Ристиќ, девојката која го испеа детскиот хит „Еј тој Топе“, сега успешен претпиемач, во својот нов статус на Фејбук рече:




– Господе! На влез да ме чекираат со ридер како тетрапак млеко или чорапи од продавница кога купуваш! 50 дози вакцини да примам нема да дозволам да сум “бар (QR) код” човече! Кое понижување на човековото битие…




Другарка ми, вакцинирана со две дози и тоа меѓу првите, утрово ми вика “Одам до Зебра да купам нешто, ми бара код, отворам му давам, во моментот се згрозувам од чувството и му викам, ок е дечко, извини се премислив нема да влезам и решив дека никаде нема да одам каде што бараат, гро-зно ми беше цел ден”!“, напиша таа.

На ова, таа доби одговор од Тоше Митрески:




Сањушка ти не си “бар (QR) код”.

-Ти си матичен број.

-Ти си број на лична карта.

-Ти си број на возачка дозвола.

-Ти си број на картичката во твојот мобилен.




-Ти си број на струјомер и водомер.

-Ти си број на сметка за интернет.

-Ти си број на стан или адреса.

-Ти си број на ЕЗК здравствена картичка.

-Tи си број на пасош.

-Ти си број на студентски индекс.




-Ти си број на картичка за банкомат.

-Ти си број на трансакциона сметка во банка.

-Ти си број на картичка за попуст во маркет.

-Tи си број на IP адреса од која изразуваш револт.




За сето погоре опишано потпишана си со своерачен потпис, на свое барање, ориентирана во време, простор и личности.

-Ти си непоимливо долга генетска секвенца, хармонична уникатна комбинација од аденински, гванински, цитозински и тимински нуклеотидни парови, меѓу народот позната како ДНК.




-Ти не си ни Сања.

-Твоите одлучиле така да те викаат.

-Не те ни прашале како сакаш да се викаш.




-Kога си се родила прво те запишале како број на родилен протокол во еден огромен тефтер и на рачето ти ставиле белегзиче со бројче на истото.
Сањушка.




Касниш со реакцијава најмалку 80 години. Немав прилика до сега да ти кажам фала за ова“, рече тој и ја сподели песната „Ех, тој Тоше“.

Претходна статијаБрена ја покажа јахтата со шест спални за која искешира еден куп пари (ФОТО)
Следна статијаСлаткар ѝ подготви изненадување на Сања за роденден (ФОТО)