Биба Додева: Домаќинка како мене нема време да пазари ниту да оди по продавници

0

Биба Додева има испеано многу хитови, а еден од нив е „Како некогаш“, со која Биба Додева победи на поп-вечерта на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“.




Пејачката вели дека е автобиографска и во неа пее за љубовта на својот живот која што ја загубила.

На музиката и на аранжманот на моќната балада на Владимир Дојчиновски- Дојчин совршено легна приказната на текстот која ја напиша поетесата Ана Бунтеска.




Песната е автобиографска, и на Ана, и моја и на сите оние кои што изгубиле некого. Инаку, Ана ја познавам од многу одамна.

Јас сум еден од оние нејзини фанови, и го почитувам нејзиниот збор, нејзините песни сето она што таа го прави, рече Биба зад сцената на „Охрид фест“ за Женски магазин.




Уште во периодот кога ја загубив мајка ми, ѝ реков на Ана дека ако решам албум да правам, сакам таа да ми ги пишува текстовите… Кога требаше да пеам на фестивалот, Дојчин ми ја отсвире музиката, и мене ме болеше кога ја слушав.




Ме праша: Баце, имаш ли текст? Немам, но знам кој ќе ми го направи. Тоа треба да бидат зборови кои ќе ми ми се откинат од душата, и тоа исто како јас да сум го кажала може да го направи само Ана Бунтеска“, раскажа Биба за песната во Женски магазин..




Таа минатата година го промовираше албумот „Незаборавни„ кој е составен од 11 преработки на познати македонски евергрини и две бонус траки од последните два фестивала каде имав свои настапи.




Имавме тешка задача заедно со мојот пријател и колега Владимир Дојчиновски да ги одбереме песните од 1962 до 2002, од огромната македонска музичка ризница.

Тоа се песни кои оставиле белег на една младост, една љубов, во едно поинакво време, па токму затоа ни претставуваше голем предизвик, но и голема одговорност да ги преработиме и оставиме свој печат.




На проектот се работеше повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот“, вели пејачката.

Биба е мајка на Емануела и баба на Александар, и таа на својот Фејсбук профил зборуваше дењка живее со брзо темшо и нема време да оди да пазари, и рече:




Дечкиве од Paket.mk – Твојот онлајн супермаркет ми се појас за спасување! Кога домаќинка како мене нема време да пазари ниту да оди по продавници, нема подобра екипа за помош од нив!

Се е спакувано во засебни кеси, продуктите се поделени согласно типот (нема паста за заби со кашкавал во една кеса), само да ги сместиш работите на место без мака!




А и дињата ми ја одбрале слатка и вкусна, како татко ми да ја бирал. Ви благодарам дечки што постоите! П.С. ова не е реклама, туку личен став.“

Претходна статијаИрена Спировска во досега невидено издание (ФОТО)
Следна статијаСинот на Северина се врати дома кај неа, пејачката потврди пред јавноста?