Ирена Спировска во досега невидено издание (ФОТО)

0

Нашата позната водителка и новинрака и планинарка Ирена Спировска во една прилика детално раскажа како почнала нејзината кариера.




Нејзината ТВ приказна започна пред многу години кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје.

Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското.




Ми понуди веднаш ангажман, да снимам тв реклама, но бидејќи бев сè уште средношколка, најпрво се двоумев дали да прифатам и дали тоа ќе влијае на мојот успех во училиште.




По разговорот со мојот татко и неговото одобрение, сепак ја прифатив понудата и ја снимив првата Тв реклама. Taка го заработив и првиот хонорар. Веднаш потоа станав дел од подмладокот на модната агенција „Моделс Ин“ и почнав да чекорам и по модните писти.




Учествував и на Изборот за зимска убавица на Македонија, каде што го освоив првото место, а со тоа и директен пласман во финалето за Мис на Македонија.

Во меѓувреме матурирав и се пријавив на аудиција за најавувачи, која ја имаше распишано Македонската Радио Телевизија. Од околу 200 пријавени девојки, влегов во потесниот избор од 20 кандидатки, од кои потоа само 10 беа хонорарно ангажирани во телевизијата..




Меѓу нив бев и јас, па поради тоа одлучив да се откажам од учеството на изборот за мис на Македонија и решив да се посветам на телевизискиот ангажман. За мене тоа беше поголем и повозбудлив предизвик.

Во двомесечната обука која ја имавме во МТВ започнав да работам на најава на програмата.




Талентот за водење, во мене први го препознаа Александар Сидоровски и сега веќе покојниот Диме Костовски од третиот канал на МТВ. Во тоа време овој канал нудеше забавна програма која беше многу популарна и гледана, а тие двајцата постојано мобилизираа нови млади луѓе да работат во Канал 3.




Така добив шанса и задача да направам авторска емисија. Одлучивме емисијата да биде музичка и да биде посветена на забавните и народните македонски евергрини. Користевме црно-бели снимки од архивата на МТВ, а доајените на македонската музичка сцена ни раскажуваа во живо во емисијата за себеси и за нивната работа.




Уште тогаш ја засакав многу македонската музика од постаро време, па бев пресреќна кога многу години подоцна во Алфа ТВ го направивме ТВ проектот „Еден бакнеж“, посветен на македонските евергрини“, изјави Ирена во едно интервју за Женски магазин.




Таа е сега дел од Алфа ТВ со години, и во моментов ја води емисијата „Везилка“, заедно со Адријана Алачки и со Баже Грујовски. Тројцата шетаат низ градовоите во Македонија и ја покажуваат традицијата на одреден град со специјалитетите што се нудат.

Ирена на Фејсбук знае да се пофали со новини од емисијата, ама и со новите фустани што ги облекува. Па така, на последното снимање таа изгледа топ, како до сега да не била во вакво издание. Оваа жена не старее, секоја чест Ирена.

Претходна статијаПорасна синот на нашиот познат музичар, еве колку личи на татко му (ФОТО)
Следна статијаБиба Додева: Домаќинка како мене нема време да пазари ниту да оди по продавници