Загуба за семејството на Жељко Самарџиќ, неговата ќерка Мина неутешна (ФОТО)

0

Секогаш кога ќе дојде во Македонија, популарниот пејач Жељко Самарџиќ вели дека сопругата го праќа по бамји и костени на пазарите во Скопје. Во интервју за Црно-бело тој кажа што друго му нарачува сопругата.

А, си земам јас и боранија, тука има убава боранија… Се дружам со луѓето од пазар, прекрасно реагираат, викаат „Жељко, дојди кај мене да купиш“ и така отсекаде земам по нешто. Пријатно ми е, сакам да разговарам со луѓето.

На прашањњто: Колку Вашите три ќерки Ве наследија на полето на музиката- тој вели:

Јас сум горд на своите ќерки, но мислам дека најголемиот придонес го има мојата сопруга Маја, која минуваше најмногу време со нив. Малку сум попопустлив кон нив, но навистина горд. Да дојдеш со три девојки во Белград и да бидат без ниедна дамка на себе е навистина успех.

Миња, мојата најмлада ќерка, е во фаза на завршување на албумот-првенец, кој и’ го работеа мои автори и мислам дека е пресреќна, има убави песни и за неа допрва ќе се чуе.

Мислам дека кога нешто градите, нема потреба да го уривате. Човек треба да биде свесен за ситуациите во животот. Некој работи во фабрика, оди наутро и таму е до 15 часот, а јас кога ќе ја напуштам куќата, па додека да се вратам се’ ми е работа.

Морам да имам насмевка на лицето, добар однос кон луѓето, некако го усогласувам сето тоа да биде хармонично и навистина никогаш не сум имал ни најмал проблем со мојата Маја.

Токму Миња Самарџиќ, ќеркатa на пејачот не може да поверува на загубата на нејзиното поранешно момче, музичарот Игор Младеновиќ, попознат како Игор Гарние. Игор Гарние си замина синоќа во Вашингтон, на 31-годишна возраст.

Според неофицијални информации, неговото срце го изневерило додека тренирал во теретана. Миња Самарџиќ, која некогаш беше во долга врска со Игор, се огласи на социјалните мрежи во врска со оваа тажна вест.

– Не е доволно да се каже дека веста ме шо ки-раше. Го прекинавме контактот кога тој одлучи да остане засекогаш во Америка, што се случи пред осмата годишнина од нашата врска. Живеевме заедно 6 години. Тој со љубов создаваше музика што многу ја сакаа.

Тој беше многу талентирано момче, вреден и со здрави навики. Сè уште не можам да верувам дека неговиот живот заврши толку брзо.

Најискрено сочувство до неговата мајка Рената и целото семејство кое бесконечно го сакаше и го поддржуваше цел живот. Нека му е лесна земјата и вечна слава – напиша Миња во објавата.

Во последниве години, Игор соработуваше со едно од најголемите имиња во електронската музика – Ерик Приц.

Почна да свири пијано на шестгодишна возраст. Заврши музичко училиште, а наскоро неговиот талент започна да се на разни меѓународни натпревари.

Со електронската музика се запозна пред 16 години и како одминуваше времето, тој одлучи дека хаус-музиката не само што ќе биде негово хоби, туку и дел од неговиот живот.

Игор има неколку многу успешни албуми зад себе и неколку одлични настапи низ цела поранешна Југославија и Америка. Една од неговите најпопуларни песни е „Милка Каниќ“, кавер на песната „Барбра Стрејсенд“ од популарниот бенд Дак сос.

Претходна статијаПознатиот диџеј најави частенка за сите газди (ФОТО)
Следна статијаКарлеуша во фустан од 1300 евра во Охрид, арно ама еве која светска ѕвезда ја копира (ФОТО)