Познатиот диџеј најави частенка за сите газди (ФОТО)

0

Познатиот македонски диџеј Мац, кој е инаку и лаборант, неодамна преку статус на Фејсбук бара помош за да биде вработена неговата 37 годишна сестра која е правник.

-Јас би ве замолил доколку некој има потреба од ПРАВНИК во државава.. Мојата сестра е МАГИСТЕР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ДИПЛОМАТИЈА.. со перфектно втор научен турски јазик.. со сертификати со дипломи со сите левели и степени на највисоко ниво..

Има 37 год и е невработена во државичкава наша бидејќи има 75 страни CV.. и има пратено во над 50 места и нема добиено одговор од никого ЗОШТО НЕМАМЕ ВРСКИ…

Мојата сестра ќе треба да си оди од државава зошто тука очигледно квалитетни луѓе не требаат..

ПА БИ САКАЛ ЕВЕ НА ОВОЈ НАЧИН ДА ЗАМОЛАМ, ДОКОЛКУ НА НЕКОЈ МУ ТРЕБА човек со огромен капацитет да ми се обрати..

Би сакал сестра ми да остане во државава и да биде со фамилијата ФАЛА ВИ МНОГУ, стои во неговиот Фејсбук-статус на Марјан Петровски (Диџеј Мац)“, напиша тој.

Откако журките беа ставени на „стенд бај“ поради пандемијата, Мац ѝ се врати на својата стара проофесија,тој работеше и се уште работи како лаборант.

Преку ден, тој им зема к р-в на луѓето, а ноќе тој им разубавува животите со убава музика.

Лаборант сум добри десет, единаесет години.

Потоа, пред шест години се повлеков од медицината, бидејки музиката многу ме исполнуваше и навистина одлично се чувствував, бидејќи нели најубавата работа е онаа која ја сакаме најмногу и не исполнува премногу“, ни раскажа диџејот, сега лаборант.

-Но ете , пандемијата си го направи своето . Една врата ми се затвори но друга ми се отвори, и ѝ се вратив повторно на медицината, бидејќи тоа го знам, тоа го учев, секако дека и медицината е дел од мене и секако дека си ја сакам многу.

Едноставно немав избор, и ете така требало да биде. Овој долг период кој веќе трае и не можам да пуштам музика, ја заменив со бо цк-ање“, изјави Мац во Женски магазин.

-Од првиот ден со ден денес ми е супер. Бидејќи во мојата лабораторија „Рамус“, колегите ми се луѓе кои присуствувале на моите забави, и секако дека деновите се добри и лоши но на крај, ништо не е тешко ако се сака.

Секојдневието ми е , овој период со зголемен обем на домашни посети, и мојата работа е да одам кај сите тие луѓе дома и да им земам к -рв, и потоа назад во лабораторија да се испита. Не е лесно. Сите тие луѓе си имаат различни маки па ги споделуваат и ете.

Сакал – не сакал ќе слушам и ќе се потрудам со некој убав збор да помогнам и дадам кураж за подобро утре од денес“, рече диџејот.

Сега, откако повторно се вратија журките, и тој се врати зад микс пултот, но се уште работи и во лабараторијата. Мац е благодарен што газдите на дискотеките пак го ангажираат, па затоа им вети една убава частенка на Фејсбук:

-А во меѓувреме да ги поздравам сите оние ГАЗДИ или СОПСТВЕНИЦИ и МЕНАЏЕРИ .. кои поддржуваат македонски артисти и букираат за ноќен живот. … без разлика дали е диџеј, бенд или пеач/ка …

Ни ја давате поддршката после 2 години и сте свесни колку седевме дома .. СИТЕ ВИЕ што мене лично ме букиравте до сега … ВЕТУВАМ ПРЕД СИТЕ ..

Кога ќе заврши СКРОЗ пандемијата или веќе епидемијата .. јас од срце ќе пуштам по една забава за СИТЕ ВАС како БЛАГОДАРНОСТ што сте тука за НАС.
Со почит ваш ДИЏЕЈ МАЦ“.

Претходна статијаД-р Татјана: Цели семејства доаѓаат кај нас, мајки и татковци со деца од 12-та година наваму, како едвај да чекаа
Следна статијаЗагуба за семејството на Жељко Самарџиќ, неговата ќерка Мина неутешна (ФОТО)