Турунџиева емотивно се сети на својата голема љубов, упокоениот сопруг и му напиша посвета

0

Сузана Турунџиева неодамна објави слика од убав балкон, како ужива на море. Познатата пејачка, водителка и писателка и со овие зборови го опиша ова нејзино уживање:




-Кога се би можело да се предвиди, испланира и да биде онака како што ние си замислуваме, тогаш не би постоеле ни морето, ни сонцето, ни брановите … Брановите носат промени… А промената значи живот!“, рече Сузана покрај сликата.

+ Искуствата, а не времето се задолжени за нашето “растење”.Затоа имаме илузија дека за некого времето работи побрзо, а за некого поспоро.




Детето кое ги оставило настрана играчките, затоа што започнала играта наречена живот, ќе добие титула на возрасен, пред да научи да ги брои свеќичките на роденденската торта.

Додека оној, кој одбрал поинакво искуство, се уште си “игра”… со своите зборови, со туѓите дела…




Тоа се оние “вечни деца” кои ги етикетираат како незрели и најчесто се несфатени од средината. Но не треба да ги осудуваме…

Тие само одбрале поинаку да си “играат”.. Затоа никогаш повеќе не прашувам: Колку години имаш, туку какви “финти” научи за полесно да играш“, е друг статус на Сузана кој неодамна го сподели.




Таа отворено зборуваше за тоа какви жени има, но малку и се пошегува зборувајќи: Постојат жени кои имаат цена и жени кои имаат вредност. Првите се трошок, а вторите се инвестиција… Е па ти види сега.

Познато е дека Сузана е мајка на две ќерки, Матеа и Лора која е веќе мајка на малиот Јаков. Сузана за жал пред пет годии ја загуби љубовта на својот живот, Марјан Јовановиќ, познатиот скопски угостител кој нененадејно си замина од овој свет.




Сузана, по голема загуба, на својот Фејсбук профил напиша: Не знам дали повеќе ме боли тоа што те нема, или што бев среќна да те имам покрај себе. Осаменоста, таа ја опиша во уште едне Фејсбук статус:




Еден од најголемите стравови со кои се соочува современиот човек е стравот од осаменост… од напуштање… Од немање храброст да дознае колку добро друштво може да си биде себеси, доколку вистински ги спознае своите вредности…




Но стравот да не остарат сингл, ги принудува луѓето да прават катастрофални, очајни избори.. На овој страв не му одолеваат ни мажите, ни жените… Особено доколку се подолго разведени!

Поради стравот од самотија, многумина забораваат на својот мир, на својата слобода, достоинство, а не ретко и ги погазуваат сите свои принципи… Зошто?!




Затоа што самотијата ја доживуваат како проблем, а не како предност. Бидејќи си набиле уверување дека секој кој е сам, мора да е и осамен.

За да биде се поинаку, доволно е само да се промени уверувањето и да се соочиме со стравот. Тогаш ќе сфатиме колкава е предноста и разликата помеѓу тоа да си САМ и да си ОСАМЕН…“, порача Сузана.




Маријан од овој свет си замина токму на 28 јули во 2016 година, а Сузана по повод петгодишнината, на Фејсбук објави негова фотографија и напиша: Што да напишам, а што веќе не сум напишала?! 5 години.

Претходна статијаТуристка се огласи од Албанија: Не можев да поверувам кога си ја видов колата исшкртана, но потоа се стопив
Следна статијаСара Мејс: Ако можам да објаснам колку ја сакам, јас Сара да не се викам