Сара Мејс: Ако можам да објаснам колку ја сакам, јас Сара да не се викам

0

Една од нашите бнајуникатни појави на естрада е Сара Мејс која е успешна пејачка а инаку е и харфист. Сара е во брак со познатиот водител Димитар Атанасовски.




Иако нивната прва средба била во емисијата „Тротоар“ која ја водеше Димитар, во „Танц со ѕвездите“ се родила вистинската љубов.

„Не бевме во ист тим, но се гледавме често, па така почна да се развива љубов. Првиот бакнеж ни беше откако го изигравме англискиот валцер“, има изјавено Сара.




Пред четири години, тие направија уникатна свадба која ја отворија со интересен танц кој го научија во емисијата „Танц со ѕвездите“, а гостите беа воодушевени од нивниот настап.

Пред три години, се роди нивната ќерка Илина, во септември во 2018 година.




Тогаш, Димитар и Сара направија откачена фотосесија и дадоа интересна изјава дека ако ќерката се роди на 8 септември, ќе се вика Северина, алудирајќи на промена на името на државата на крајот на септември истата година.

Сара, три години откако ја роди Илина изгледа одлично, таа со специјален начин на исхрана ја врати старата линија.




Сара неодамна сподели убава новост, воодушевена од нејзиниот настап со харфата ви Скопје, и напиша колку е убаво да си на сцена по долго време.

-Скоро 24 часа сум под импресии, со пеперутки во стомак од вчера, ги гледам сликиве и не знам како да го срочам ова….

После 6 месеци повторно да се качиш на сцена е како да си вдишал длабоко на гради чисто планинско воздухче со мирис на тукушто расцветана лаванда…..




Енергијата што струи на сцената и енергијата што струи во публиката…. Е за тоа вреди да се живее!

Наздравувам за тоа што повторно почнавме да живееме, Ура!“ Сара, Димкитар и ќерката Илиан во моментов се на одмор, во Египед и често споделуваат слики како уживаат во Хургада. Пејачката на својата мила ќеркичка ѝ направи нова фризура и го опиша тој момент на интересен начин:




Она и ја соНовитеПлетенки. Боже, ако можам да објаснам колку ја сакам, јас Сара да не се викам.


.
Ни пека два дена сакам плетенки исто како на девојчињата. И добро одиме, седнуваме да не’ плетат, јас во меѓувреме се туфкам пошто мене ме боли и не знам како и дали ќе издржи она.




Значи и’ течеше солза од окото од што ја болеше и не пушти глас…. Е, тоа ти е желба за плетенки. Сара исто така наппиша уште еден статус од одморот.

-Денешниов ден ми беше еден од најубавите во животов… Немам зборови колку беше убав……и денов и моиве двајца и луѓево тука и работите што ги видовме и нештата што ги искусивме.. приказна.




Ги гледам видеава и сликиве сега и си викам е ај што да шернам?“, напиша Сара од екскурзија по подводниот свет.

Претходна статијаТурунџиева емотивно се сети на својата голема љубов, упокоениот сопруг и му напиша посвета
Следна статијаЛепа Брена доаѓа во Македонија пред Илинден, ќе се дружи со двајца познати македонци