Мики и Светлана Црнокрак се едни од нашите најпознати парови. Тие се партрнери и приватно и на работа, во модното стдуио „Црнокрак“ кое успешно го водат со години.
Светлана во едно интрервју зборуваше за своите модни почетоци.
– Како и секоја тинејџерка сонував да зачекорам на модните писти, да се најдам на насловна страница и да бидам дел од некој престижен избор на убавина. И се разбира ми се оствари и тој сон. За прв пат на мои 18 години учествував на избор за убавина, Мис на Македонија.
Тоа ми беше еден вид отскочната даска во мојата кариера. Запознав луѓе кои ми ги отворија вратите во светот на модата. Иако ќе кажам дека тоа време беше многу потешко за разлика од сега, бидејќи тоа време кај нас не постоеја модни агенции, туку самите се грижевме околу нашите ангажмани.
Имам учествувано и освојувано многу титули на изборите за убавина, особено на интернационалните, каде што навистина бев горда како амбасадор на македонската убавина.
Со Мики се запознавме токму на модна ревија. Заедно работевме. Уште од самиот почеток на нашата љубов, најискрено си помагавме и си ги кажувавме своите недостатоци доколку ги имаше. Така функционираме и сега во однос на работата.
Убаво е кога сме и двајцата во иста бранша и мислам дека кога едниот не би го работел истото (бидејќи оваа работа е специфична) можеби би имало повеќе проблеми.
Жолтиот печат го прифативме како дел од нашата работа и мора да е присутен, но сепак во граници на нормалата. Меѓусебното разбирање, љубовта, почитта, толеранцијата се и двигатели на нашата долгогодишна љубов, а како плод на тоа се и нашите две принцези Моника и Нина“, изјави Светлана во едно интервју за hybrid.mk
Мики неодамна на Фејсбук објави слика со една од манекенките во ивното студио и напиша дека Македонија освоила нова титула. Мис Еуроазија 2021, Ева Јовановска, Лице на иднината.
Недостасуваат модни случувања, ревии. Зборувам на модни случувања од нашето време, кои навистина беа спектакл. Кога беа посетени од илјадници луѓе, кога се бараше влезница плус на и кои навистина имаше што да се види.
Сега некако го нема тоа. Го нема тој дух. Сè е сведено некако колку да помине. Дизајнери имаме, иако ќе кажам дека вистинските можат на прсти да се избројат. Но, со оглед на тоа колкава држава сме, во тој поглед одлични сме“, додаде таа.
Тој е чекиран во хотел во Анталија до убавата со убавата Мисица, но потоа објави уште слика овој пат семејна од него, од сопругата Светлана и од помалата ќерка.
THE LAND OF LEGENDS !!, едно од најубавите места на светот, напиша Црнокарк до сликата крај Земјата на легендите, туристичката атракција во Анталија.