Не е само за остри политички интервјуа, Мишко Иванов знаел да биде и романтичен (ФОТО)

0

Мишко Иванов е еден од нашите најпознати новинари со долгогодишен стаж. Тој своевремено работеше и во А1 телевизија, а сега долги години е во ТВ 24.

Иванов е познат по тоа што ревносно ја следи политиката, но и по емисијата „Патот до успехот“,во која му гостуваат познати личнности од Македонија, но и од поранешна Југославија.

-Почнувајќи од 2013 година, од кога практично започна емитувањето на емисијата „Патот до успехот“ па сè досега, тимот на емисијата реазлизираше повеќе од 250 емисии.

Тоа е бројка, која кога ја гледам од оваа дистанца, колку и за звучи нескромно е импресивна. Тоа се повеќе од 250 животни приказни. Успешни приказни. Емисии кои успејаа да го најдат своето место на македонското медиумско небо.

„Патот до успехот“, покажа дека македонската публика е желна за успешни приказни, за можноста повозрасните да се потсетат на некогашни убави времиња, а помладите да дознаат каков е патот на успешните личности. Тој никогаш не е послан со рози, бара многу одрекувања.

Со должна почит во при сеќавањето сигурно ќе заборавам некого да споменам. Академиците Луан Старова, Абдулменаф Беџети, Томе Серафимовски, Таки Фити, Блаже Ристовски, Ѓорѓи Филиповски и многу други.

Сликарите Миро Масин, Васко Ташковски, од светот на музиката Весна Гиновска Илкова, Влатко Стефановски, Есма Реџепова Теодосиевска, Драган Мијалковски, Кире Костов, Бобан Милошески – „Авалон“, Виолета Томовска, Селимова – Желчевски.

Театар и филм, Слободан Унковски, Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Милица Стојановска, Љупка Џундева, Диме Илиев, Шенка Колозова, Бајруш Мјаку, Салаетин Биљал, Драган Спасов – Дац, Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Синоличка Трпкова, Бубо Каров и многу други.

Спортисти како Горан Пандев, Милко Ѓуровски, Дарко Панчев, Благоја Георгиевски Буштур, Тоше Гечевски, Инидира Кастратовиќ, Гордана Нацева…“, раскажа во интервју во Женски магазин новинарот.

За Мишко е познато дека е оженет со Татјана Стојаноска- Иванова, професор на Институтот по социологија на Филозофскиот факултет. За својата сопруга, тој изјави:

-Таа практично е мојот најголем мотиватор. Полна со идеи, активна што би рекле 100 на саат. Понекогаш дури знам да ѝ кажам: „Душо дај еден викенд да одмориме, да останеме дома“, а таа ќе се насмее и ќе каже:

„Ајде уште овој пат до отидеме некаде надвор од Скопје, да размениме малку, затоа што од понеделник повторно сме на работа, следниот викенд остани дома гледај фудбали цел ден, таман јас да си ја довршам книгата. Хаха.“

Мој мотиватор и конструктивен критичар за секоја моја емисија, иако понекогаш знам да се спротивставам на нејзини коментари заради нашата новинарска суета, сепак на крајот како по непишано правило таа ќе излезе во право.

Често знае и да ми сугерира и теми и гости за емисија, особено во моментите кога ќе почнам гласно да размислувам каде да отпатувам и кого да поканам во „Патот до успехот“, рече Иванов.

Почетокот на летото, Мишко и Татјана го користат за уште една убава прошетка. Тој објави романтична слика со својата сакана, во Охрид, како уживаат на брод.

Кој вели дека Мишко го бива само за остри политички интервјуа, ете, тој знаел да биде и романтичен.

Претходна статијаЦрнокрак на одмор на најубавото место на светот, уживанција (ФОТО)
Следна статијаШармантната тетовчанка се разубаве откако се пресели од Македонија – еве што прави нашата позната водителка (ФОТО)