СВАДБА Е ГОЛЕМА! Игор Дурловски објави слики и напиша: Со душата најдобра (ФОТО)

0

Анастасија Деа Богданоска, една од најпознатите наши водителки и Богдан Илиевски – „Бетмен“ лани се регистрираа, а на денешен ден пред една година, за прв пат се остварија и како родители, кога на свет дојде нивната ќеркичка, Дениција.




Богдан, во тој радосен миг за него, на социјалните мрежи ја сподели радосната вест, со стиховите од легендарната и можеби најпознатата македонска поема „Кога ја љубев Дениција“ на вонвременскиот македонски литературен деец Петре М. Андреевски:




„Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот.




Кога ја љубев Дениција, како да му пронајдував брзина и на каменот, како да ја одделував душата од телото, како да го палев барутот, на тилот од смилот и трендафилот.




Кога ја љубев Дениција, како да внесував летен воздух во воздухот зимен, како да ги откривав сите рудници на злато, како да добивав телефонска врска со сонот од сите успани работници.




Оти ја љубев Дениција, како што ги отворав пролетните аптеки, сместени во гласот од славејот, како што славејот ги спријателуваше небото и земјата, како што таа ми ја одземаше тежината.




одека трчав кон неа, како што не можев да видам ништо освен неа, како што таа живееше додека јас ум ирав, како што и јас не знаев како би ум рел, ако таа не се родеше.




Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата Македонска Држава.

Пријатели, се роди Дениција!!!! Станав татко, а Anastasija мајка на најпрекрасното девојче на светов и веков. Двете се во одлична состојба. Јас во неопислива среќа. Фала ви за добрата мисла и енергија!„, напиша Илиевски на социјалните мрежи.“




Поради добро познатите причини, лани тие не направија свадбена веселба, но затоа тоа го сторија вчера. На социјалните мрежи се уште нема фотографии од нивната веселба, освен н еколку, кои ги постави другарот на Богдан, Игор Дурловски, при што напиша:




„Со душата најдобра Владо Јовановски кај братот Богдан Илиевски на свадба. Вечни!“

Претходна статијаПознат професор има нешто да ви каже: Оригиналниот мед се препознава само на еден начин
Следна статијаСе огласи патник од превртениот автобус: Видов сe (ВИДЕО)