Се огласи патник од превртениот автобус: Видов сe (ВИДЕО)

0

Денес Балканот го потресе веста за стра шната сообраќајна нес реќа, во која за жал имаше и многу упокоени.




Рано утрово, косовски автобус излета од автопатот кај Славонски Брод. Во нес реќата заг инаа десетина лица, а неколку лица се повредени. Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало околу 60 лица.




За време на увидот, полициските службеници утврдиле дека станува збор за автобус со косовски државјани и регистарски ознаки.

Директорот на болницата во Славонски Брод, д-р Јосип Самарџиќ изјави дека од утрово во болницата биле примени 45 лица, кои побарале медицинска помош по тешката неср еќа на автопатот кај Славонски Брод, меѓу кои осуммина биле тешко повред ени.




По завршување на увидот ќе бидат достапни повеќе информации. Брзата помош и припадници на јавната противпожарна единица Славонски Брод интервенираат околу превртениот автобус.




Дамир Трут, помошник министер за внатрешни работи, пристигна на местото на настанот неколку минути пред 11 часот.

“Во автобусот имаше 67 патници и двајца членови на екипажот, двајца возачи. Девет патници и еден возач заги наа”, рече Трут.




“44 патници беа примени во болницата Славонски Брод каде им беше укажана лекарска помош. Осум од нив беа сериозно повр едени, досега четворица од нив беа опе рирани”, додаде Трут.




„14 патници и еден возач се во Полициската станица, чекајќи да им се обезбеди сместување во објект што ќе им биде обезбеден“, рече Трут, потврдувајќи дека во автобусот имало и деца.




Патник од автобусот што утрово излета од автопатот кај Славонски Брод и се преврте пред камерите на ХТВ опиша шокантен момент од несреќата. Патникот Рамо Гаши раскажа како изгледале првите моменти по несреќата.




– Кога нешто пукна во секунда, ги видов сите тие луѓе, целата ливада, таму долу, тој канал покрај автопатот, рече Гаши.

Тој ја опиша глетката која што ја видел.




– Ги видов повредените, упокоените, видов сè, луѓе без ра це, видов сè, видов сè, изјави за ХТВ Рамо Гаши, еден од патниците во автобусот.

 

Претходна статијаСВАДБА Е ГОЛЕМА! Игор Дурловски објави слики и напиша: Со душата најдобра (ФОТО)
Следна статијаГрадоначалникот на Штип Сашко Николов спасил жена од ДАBЕЊЕ