Се опушти Лидија Кочовска, покажа нога, длабок шлиц… (ФОТО)

0

Во една емисија, Лидија Кочовска отворено зборуваше за болеста за својата мајка Невена Кочовска, која беше дел од познатиот ансабл „Мањифико“, заедно со татко и
Панче Кочовски.




„Весламе, во целата ситуација гледаме нив да ги сочуваме. Со оглед на целата ситуација дома, се бориме и се трудиме да останеме во добро расположение, затоа што е тоа многу битно, се рефлектира“, рече Лидија. Познато е дека нејзината мајка Невена боледува од Алцхајмерова болест.




„Не е лесно, но е возможно. Не дека секој ден може убаво да ти започне. Јас сум многу разочарана од нашето окружување, од сите луѓе. Очекував дека целата оваа ситуација ќе направи многу подбри луѓе од нас.




Оваа ситуација направи многу полоши луѓе од нас, што мене мнгогу ме разочарува“, додаде Лидија во емисијата Магазин на ТВ Сител.

Во интервју за Женски магазин, Лидија објасни зошто веќе не е дел ос естрадната сцена како порано.




-Се е замрено. Нема веќе фестивали, манифестации, емисии како порано. Прифатив учество на “Макфест” 2014 година, за цена на онаа љубов која ја имав, како моја матична сцена, фестивал кој бил познат и признаен на бившите југословенски простори. Но, односот на организаторите и атмосферата беа очајни, а јас од тој настап и до ден денес ги немам добиено моите патни трошоци.




Од половината на осумдесетите па до 2000 година, беше идеален период. Бев присутна речиси на сите фестивали во тогашна Југославија и по распадот. Фестивалите беа причина за дружба, сите бевме едно, владееше љубов.




Живеевме за денот кога ќе започнат и со нетрпение го очекувавме секој нареден фестивал. Нема споредба со денес! Тоа беше златно време.

Кога нештата би мрднале од „мр-тва точка“ и би тргнало сѐ по нагорна линија, јас сум прва која со задоволство ќе се појави.




Сега сум присутна единствено на свадби и на приватни збиднувања (родендени, матури), настани каде што сум вистински почитувана и вреднувана.“, рече таа за својата кариера. Инаку, Лидија работи во Македонската опера и балет.

Таа имаше кусо брачно иксутво и тоа во Хрвастка, а на таа тема искоментира:




-По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, но најважно е човекот до мене да е мој лојален партнер.




Љубовта и поддршката се клучниот момент во остварувањето и во опстојување на вистинската релација. Таа неодамна прослави роденден, а пред тоа беше на заслужен одмор, на море.




Лидија објави слики од плажа, во кратко фустанче, но не откри на која дестинација ги полни батериите.

Лидија објави опуштени слики како се слика во елегантен син фустан кој повеќе открива. Фустанот на Лидија е со длабок шлиц, а на сликата таа гордо ги покажа своите нозе.

Претходна статијаРебека со децата на терапија за подобро здравје (ФОТО)
Следна статијаАндреј го покажа своето богатство, двете убавици (ФОТО)