Андреј го покажа своето богатство, двете убавици (ФОТО)

0

-Се знаеме веќе многу години години и знаеме како дишиме и приватно и професионално, така да спојот од овие две наши карактеристики го прави ДНК нешто што ќе трае успешно долго време и се надевам дека и ќе трае“, рече во едно интервју за Црно-бело Андреја Ѓеорѓиески од ДНК за Панчо, неговиот другар од групата.




Самите песни си градат свои сценарија за спотовите. Едните се за со провокативни, други за со фини девојки за водење љубов, а првите за „тресење“. Како и да е ние ( особено јас) сме емотивни и романтични момци!“, рече Андреј кој ги пее сите хитови на ДНК.

Андреј е фамилијарен човек и е посветен на убавата сопруга Натаија и на ќерката Јана за која во една прилика изјави:




-Немаме некоја одредена игра, односно шаблон што правиме. Јас сум малку повеќе див, но и Јана исто. Обично се гушкаме, се бркаме, знае да вр иска по дома, и додека го прави тоа се смее гласно.




Во последно време ја учам да вози точаче, уште со нозете не може да ги турка педалите па јас и помагам. Инаку се трудам што е можно повеќе да не гледа цртани на Јутјуб. Јас и одбирам цртани филмови, со убава музика, едукативни.




„Јас пет години растев во Косово, бидејќи татко ми е архитект, таму проектираше зграда. Потоа седум години во Дебар, јас сум дебарско дете и многу ми е мило што растев таму, затоа што тоа беше една здрава средина, посебно затоа што беше мултиетничка средина.

Имав безусловно, чисто детство и бев пргаво и диво, но мислам дека сите кои што растев беа такви. Но на крајот од денот сите бевме најдобри другари, и буквално во кругот на играње џамлии немаше никакви разлики.




И тоа е нешто што ден, денес го носам во себе како човек, и да дефинитивно не би го сменил за ништо“, раскажа Андреј за 1 ТВ.

Тој за Хаштаг зборуваше каков домаќин е бил во време на вирусот:




-Пазарам нормално како и секој ден, храна и намирници кои ни се потребни во секојдневието, а тоа што ме плаши е тоа што ги плаши сите, а тоа е грижата за нашите родители и блиски постари лица кои се критична популација и до кога сè ова ќе трае…




Караници ретко имало и ќе има во мојот дом, нема ништо продуктивно, ни некој видел аир од тоа, само зијан, посебно во вакви моменти треба да останеме сите позитивни и полни со елан и надеж“, рече Андреј на почетокот од пандемијата.

Во 2004 година како „ДНК“ имавме издадено само неколку песни како: „Пази дете“, „Благодарам однапред“, итн.. Искрено, тоа беше период каде што стагниравме со Панчо од музичката сцена поради тоа што немавме доволно песни и хитови за да направиме концерт и да настапуваме низ земјава.




Поради таа ситуацијам бев приморан да заминам во Грција и да работам како келнер во еден хотел. Она што го изумив е тоа што во тој период имав снимено песна со Врчак – „Во твоето срце“ и еден ден додека си работев, во најголемата гужва, сред сезона, добив повик од Врчак.




Тој ми кажа дека закажал промоција на албумот и песната другиот ден. Кога му кажав каде сум и што правам, ме натера да се вратам уште истиот ден, се со цел да присуствувам на промоцијата, но и да почнеме сериозно да работиме на нови песни и проекти.

Практично, тоа беше моментот каде и започна приказната со „ДНК“ и Врчак и тоа беше еден од најубавите периоди од мојот живот“, раскажа Андреј за www.momentt.mk




Тој објави слика од своите две убавици, што инаку ретко го прави, како се капат во море, и на сликата се гледа дека Јана е копија на мајка си.

Претходна статијаСе опушти Лидија Кочовска, покажа нога, длабок шлиц… (ФОТО)
Следна статијаМногу сакав да одам кај Василиј Острошки, ноќта пред тргнување ми испратти језива порака