Се огласи д-р Пановски и даде предлог како да се натераат луѓето да се имунизираат

0

Д-р Никола Пановски, покрај епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски и д-р Нико Беќаровски, е еден од најактивните доктори во оваа пандемиска криза, во насока на информирање и едуцирање на граѓаните за вирусот ковид-19.




Тој во изминатите петнаесетина месеци се појави на многу дебатни емисии, а речиси секојдневно, активен е и во групите на социјалните мрежи, во кои граѓаните ги поставуваат своите прашања околу пандемискиот вирус, а во последно време и околу вакцините.




Микробиологот Никола Пановски, кој се појави на промоцијата на движењето на ЛДП и ДОМ, вели дека ја одбил понудата да биде кандидат за градоначалник.

-Едноставно, немам ниту искуство, ниту знаење за таа функција, а според тоа, разбирливо, ниту волја да ја работам – изјави Пановски.




Тој посочува дека неговата цел е да помогне новото движење да освои релевантен број на гласови на локалните избори.

-Што поголем број на советници во советите кои ќе имаат моќ да носат одлуки во интерес на граѓаните, и да спречат носење на урбанистички планови кои се спротивни на здравото и пристојно живеење на граѓаните – објаснува тој.




Д-р Пановски денјес на својот профил на социјалните мрежи со предлог, како да се натераат што поголем број од граѓаните да се имунизираат:

„Алтернатива на кампањата “Ако не се вакцинираш сега, од септември нема кафана”, според мене би била ако не се вакцинираш ќе се разболиш и… во овој стил би требало да оди по медиуми:




“Драги граѓанки и граѓани, од септември се планира училиштата да работат со физичко присуство на децата.

Децата се со екстремно низок ризик од компликации од ковид, но може лесно да се инфицираат и без или со симптоми слични на настинка да ви го донесат вирусот дома и да ве инфицираат вас родителите, или вашите родители.




Ризикот кај вас од компликации од ковид, доколку не сте ја прележале болеста или не сте вакцинирани е многу повисок отколку кај децата, реален е и многу веројатен. Обезбедени се бесплатни безбедни вакцини за да се заштитите, има време да го направите тоа. Изборот е ваш.”




Вакцината е доброволна, никој нема право да ве присилува да ја примите.

Претходна статијаАј не изигравајте многу паметни, никој не ви се плаши вас, работата е што не може секој да биде имунизиран
Следна статијаБебето никој не треба да го бакнува, освен неговата мајка – тетки, баби, понастрана од него