Бебето никој не треба да го бакнува, освен неговата мајка – тетки, баби, понастрана од него

0

Организмот и мунолошкиот систем на малото бебенце не е развиен, па затоа бебето е подложно на инфекции доколку некој друг го бакнува, освен неговата мајка.




Веројатно ви се случило кога со бебето ќе отидете на некој настан каде се собрани сите ваши роднини, па сите започнуваат да облетуваат околу бебето, особено бабите, тетките и други кои не можат да му одолеат на малото ангелче.




Притоа го пипкаат бебето и го бакнуваат по лицето и рачињата кои потоа тоа си ги става во уста.

Некои дури, му го земаат прстето и го ставаат во својата уста или пак својот прст го пикаат во бебешкото усте мислејќи дека на тој начин остваруваат некој поблизок однос со него.




Мајката секогаш после вакви нафрлувања на бебето е вознемирена, бидејќи инстиктивно знае дека мора да го заштити своето бебе, не само од различните енергии со кои се вознемирува детето, туку и од мноштвото микроорганизми кои го напаѓаат неговиот слаб организам.




Се обидувате на дискретен начин да им укажете тоа да не го прават, но по сè се чини дека не вреди. Другите луѓе тоа не го сфаќаат и најчесто се навредуваат доколку им кажете да не го бакнуваат детето или да не му се внесуваат премногу во лицето.




Па колку и да се најдат тие навредени, вие сте одговорни за вашето дете и мора на дискретно да ги предупредите на нивното однесување, бидејќи бебешкиот систем не е развиен и на таков начин би можеле да му пренесат различни инфекции.




Возрасните се чувствуваат здраво и воопшто не се свесни дека се носители на голем број микроорганизми кои можат да му предизвикаат инфекции на бебето, па потоа вие ќе мора бдеете деноноќно врз кутрото бебе и да го носите по лекари.




Педијатарот Ружа Бајиќ истакнува дека малите бебиња никако не смеат да се бакнуваат, па дури ниту во главчето, ниту на темето или нозете, а доколку сакате да го земете во рецете (задолжително свртено со грбот, а не со лицето кон вас), тогаш мора многу добро да ги измиете рацете и да ги дезинфицирате.




“Бебето не смее никој да го бакнува освен неговата мајка. Единствено со нејзината кожа тоа е во секојдневен контакт”, вели д-р Ружа и додава:

“Секој од нас на своите усни има бактерии, а плунката содржи и до 500 различни видови микроорганизми кои на бебешкиот неразвиен имунолошки систем може да му направат различни компликации.




Едно најобично лабело или кармин на нежната бебешка кожа може да предизвикаат црвенило и осип, бидејќи бебето може да е алергично на некои од нивните компоненти.




Особено немојте бебето да го бакнувате ниту да го допирате по лицето и рацете, бидејќи тие постојано ги ставаат своите рачиња во уста. Затоа, грижете се секогаш да им бидат чисти”, советува педијатарот.

Обработи: И.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаСе огласи д-р Пановски и даде предлог како да се натераат луѓето да се имунизираат
Следна статијаПознати неколку имиња од големите партии – со кого ќе „трча“ Левица на локалните?