Сања Николиќ откри на кого му чува грб (ФОТО)

0

Слаткатристика и Сања Николиќ се родители на малиот Моша кој во април наполни една година. Таа на роденденот на синот, објави фотографија на која позира со трудничкото стомаче.




Со оваа поранешната Мис на Македонија, која е сега ПР менаџер, се присети на периодот пред да се роди нејзиниот син, кој кога ја објави сликаата наполни една година.

Сања до сликата напиша и интересна порака: „Ова сме ние. Април, 2020. Од кај ли да знаевме што ќе доживееме?! Џабе кажувавте“.




Сања Николиќ и музичарот Марко Маринковиќ- Слаткар во неколку наврати имаат раскажано дека почетоците на нивната љубов се поврзани со една Златна Бубамара на популарноста.




Тогаш Сања јавно го прозвала Марко на сцената да ја прифати за пријател на Фејсбук.

По неколкугодишна врска но и успешна соработка, тие се земаа во 2014 година, а го изиграа првото брачно танго и тоа на тактовите на „Кажи да“.




Оваа песна која младоженецот ја направил специјално за оваа прилика. Со истата песна, Марко клекна пред Сања и ја побара за жена.

За разлика од својот сопруг, раперот Марко Маринковиќ-Слаткар, Сања Николиќ е порезервирана кога се во прашање објавите на социјалните мрежи.




Марко нема проблем ниту да ги пушти камерите дома, како што неколкупати ги угости „Бекстејџ“, но Сања за разлика од порано, сега нема желба да се појавува пред камери и да се експонира пред јавноста.




По повод Денот на жената 8-ми Март, Сања за промена, делумно го покажа амбиентот во својот дом на кусите приказни на Инстаграм, а со тоа откри дека Слаткар како вистински џентлмен и романтичар, и подарил букет од црвени и жолти лалиња.




Во една прилика, Слаткар зборуваше за песните што ѝ ги посветил на својата Сања. Има неколку што се само за неа, но не се за у етер. А има и такви што сум ги пишал за неа, а важат за сите сакани девојки/жени“, а потоа објасни зошто ја сака Сања.




-Затоа што може да ме трпи и затоа што можам да ја истрпам. Затоа што имам се што и недостасува и има се што ми фали.

Точно, како ден и ноќ сме, но нели, -мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.




Сања раскажа интересна случка на Инста стори, што ѝ се случила кај ена во маало, додека била на прошетка со синчето Моша, а потоа откри нешто лично:

-Ситуација на денот: Јас и Моша, попладневна прошетка низ маало и кај децата у школски. У школски две групи деца, ко да чув дека се 5то.




Во едната ги забавља едно дете, очи не можев да тргнам од него. Ги знаете оние што се раѓаат под spotlight? Перформанс за на Sanremo! Пее некоја италијанска песна… Другата група се смее дека Артистот одел и пеел како женско.

Се надевам дека еден ден ќе му се придружите у изведбата. И дека сите ќе сте тоа што сакате да бидете, затоа што сите до едно сте прекрасни!

Таа со интересна порака на стори објави слика од својот убав син и напиша: Кога некому чуваш гр, убави работи можеш да очекуваш“. На маицата на маиот Моша, стои позитивна порака:




Убав ден доаѓа. Среќен денеска и засекогаш. Среќен ум, среќен живот!

Претходна статијаЃорѓи Спасов распали по Слави: Невиден шутрак кој врска нема од ништо
Следна статијаВикторија Лоба го покажа дечкото, но покажа и нешто друго (ФОТО)