Проф. Даниловски: Дали и кога може да се прими втора доза, порано или подоцна од предвидениот термин за имунизација

0

Професорот од скопскиот Медицински факултет, д-р Драган Даниловски е еден од неколкуте доктори кои во оваа пандемиска криза несебечно се даде себеси во разјаснувањето на дилемите на граѓаните околу Ковид – 19, но и сега кога се спроведува имунизацијата.




Тој преку настапите на медиумите, присутноста на порталите, но и одговарање на прашањата на страните и групите каде граѓаните ги претставуваат своите дилеми, придонесе многу во изминатите петнаесеттина месеци.




Многу граѓани се интересираат дали и колку порано или подоцна од предвидениот термин може да се прими втора доза од вакцините против КОВИД-19. На фејсбук страната на стручниот портал Доктори, професор Даниловски даде одговор на ова прашање:




Не навлегувајќи во стручни образложенија, еве неколку телеграфски напомени:

Фајзер/Бионтек: Втората доза вообичаено се дава после 21 ден. Најрано може да се даде четири дена порано од препорачаниот датум.




Модерна: Втората доза вообичаено се дава после 28 дена. Најрано може да се даде четири дена порано од препорачаниот датум.

Ако одложувањето на вакцинацијата е неизбежно, втората доза на Фајзер/Бионтек и Модерна може да се даде најмногу 42 дена по првата доза.




Астра Зенека: Втора доза треба да се даде 12 недели или повеќе по првата. Ако се даде по осум недели, заштитата умерено се намалува. Ако се даде уште порано – по четири недели – заштитата пропорционално, уште повеќе се намалува.




Но и тоа е прифатливо во земји (В. Британија) каде што делта варијантата брзо се шири, за што поголем број граѓани да бидат опфатени и да имаат некаква заштита – секако поголема отколку само со една доза.

Спутник В: Интервалот меѓу двете дози на вакцината Спутник V е 21 ден. Може да се даде и 3-4 дена порано. Но, може да се продолжи на 90-180 дена.




Синовак/Коронавак: Се препорачува интервал од 2–4 недели помеѓу првата и втората доза. Ако втората доза се администрира помалку од 14 дена по првата, дозата не треба да се повторува. Ако администрацијата на втората доза се одложи повеќе од 30 дена, треба да се даде во првата можна прилика до 42 дена.




Синофарм: Се препорачува интервал од 21-28 дена помеѓу првата и втората доза. Ако втората доза се администрира помалку од 21 ден по првата, дозата не треба да се повторува. Ако администрацијата на втората доза е одложена повеќе од 28 дена, треба да се даде во првата можна прилика до 42 дена.




Не е важно дали втората доза ќе се прими малку порано или малку подоцна. Важно е да се прими.

Претходна статијаУтре е Свети Сисој – заштитник на децата: За да им тргне во животот на вашите деца, утре ОБАВЕЗНО направете го ова
Следна статијаФраерот одел со 3 женски истовремено – го фатија, се здружија и сега со камп автобус шетаат заедно