Ова се ќерката, зетот и внукот на Лазар Бараков од Германија, се вратија дома (ФОТО)

0

Лазар Бараков, почитуван и сакан актер од многу генерации, познат лик најмногу од македонските народни приказни, го сака и старо и младо.

Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.




Тој неодамна се појави во спот на SAP Brothers, во песната „Шизни си“, заедно со колегата Кирил Андоновски. Групата вака го најави новиот спор на социјалните мрежи:

Кога SAP Brothers го имаа шокантното откритие дека сè уште не се доволно популарни (многу многу многу тешко го примија ова), решија да поканат 2 легенди кои и те како ќе им помогнат да станат славни.




Веќе ви ги откривме главните ѕвезди во „Шизни си“, но не може а да не добијат посебен shout out. Ladies and gentlemen – Лазар Бараков и Кирил Андоновски!
Но, што прават во ова видео?

Зошто играат шах? Зошто Лазар игра со белите фигури? Кој ќе победи? Цело видео шах ли ќе играат само? Дали Vlatko Saplamaev знае да игра шах?“, напишаа тие до сликата каде што Лазар и Кирил играат шах.




Актерот Лазар Бараков стана препознатлив по улогите во македонските народни приказни каде најчесто беше сиромав или слуга, а во никој случај не треба да ги заобиколиме и улогите во: „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Марка“, „Погрешно време“ .

Сепак, македонските народни приказни остнаа обележје на Лазар, а во врска со улогите кои ги имаше знае да каже:

„Повеќето улоги кои ми ги даваа мене, другите колеги не ги сакаа зошто ги сметаа за понижителни, но јас ги сакав зошто секоја улога е важна и убава“, констатира Бараков.




На приватен план, Лазар Бараков е среќен и горд татко на трите деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.

-Актерството за да го работам , не ми било како мисла, дека во животот морам да бидам само актер.




Актерството ми било врежано подсвесно уште од предшколските детски игри, кога од љубопитност кон пишаниот збор сум научил да читам уште пред да тргнам на училиште, сум имал достапност до разна постара и нова литература и така тие типажи, ликови, се врежани во мене“, изјави тој.




Во една прилика, во емисијата Магазин, тој рече дека секогаш му давале улоги на посиромашен и поглупав во приказните, а тој ги прифаќал, и оти Колозов бил главен шегаџија во целата екипа.

Сепак, во реалниот живот Лазар е далеку од сиромаштијата бидејќи го има најголемото богатство што може да го посака еден човек.




Тој е татко дури на три деца со кои особено се гордее, како и тие со него. Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.

Денес тие се уште го придружуваат својот познат татко, но не во приказните, туку се негова константна поддршка во се што прави, каде и да се појави.




Лазар Бараков, кој лани стана дедо, замина за Германија за да го види внукот Стефан. Тој на „Фејсбук“ се пофали дека со неговата ќерка Викториа ќе одат во Висбаден, град во централниот дел на Германија. Глумецот не ја криеше радоста што ќе го види својот внук.




Неговата ќерка Македонка, зетот и внукот се сега во Скопје, на одмор и Лазар пбјави слика од своите најмили и напипша: Моите Германци на одмор во мајка Македонија.

Претходна статијаГази го ти животот, а не тој тебе: Соња Тарчуловска му упати порака на синот
Следна статијаЕве на кого личи убавата водителка Јелена, копија на мајка си (ФОТО)