Еве на кого личи убавата водителка Јелена, копија на мајка си (ФОТО)

0

Убавата водителка Јелена Богојевиќ ја гледаме во емисијата Магазин секој ден. Таа со својата насмевка и со шармот им го прави убаво секојдневието на гледачите, но и со гостите кои ги кани.




Таа претходно беше манекенка, а потоа стана и актерка, а стурираше новинарство, па потоа професионално се определи. од досегашните нејзини телевизиски ангажмани има глумено во серијата „Наше маало“, филмот „Бубачки“, а едно време беше и дел од временската прогноза на Канал 5 телевизија.

За себе вели дека е комуникативна, искрена, одговорна, креативна и дека многу ги сака животните. Нејзино хоби, освен манекенството, е и пишување поезија, цртање и читање.




Слободното време го поминува зависно од расположението, најчесто излегува со најблиските или пак се опушта со добра книга или филм во домашна атмосфера.

Кога ја прашаа кои делови од машкото тело кои Јелена прво ги забележува, таа рече: Цртите на лицето, па рацете.




Во интревјуто, Јелена ја прашаа и малку за запросувањето, при што откриле дека таа не би го запросила партнерот, дури и ако би била сигурна дека го нашла вистинскиот:

-Јас не би го направила тоа. Според мене, вистинскиот е оној маж кој ќе ја запроси својата сакана“, изјавила убавата манекенка и водителка.




-Наутро сакам прво да појадувам и испијам кафе, навистина првиот оброк ми е најважен за да останам свежа и активна во текот на денот…

Првото утринско кафе го пијам или сама или со најблиските во домашна атмосфера, а потоа пијам уште некое кафе на работа или пак во скопските кафулиња-во она време пред пандемијата.




Најмногу ме мотивираат семејството, партнерот, блиските другари и другарки од кои секогаш добивам најискрени совети, поддршка и ветер во грб… Тука е и професијата која ме исполнува и инспирира да го давам од себе максимумот…

Сакам да учам нови работи, да се надоградувам во секој поглед, како духовно, така и професионално.




Моите обврски во текот на неделата се поврзани со договарање гости за ТВ емисијата „Магазин“, пишување сценарија и правење распоред за истата, секако плановите ми се поврзани и со времето за релаксација кога сакам да прошетам, да испазарам, да се видам со моите блиски и едноставно да се опуштам и дружам со нив“, има изјавено Јелена во Женски магазин.




Таа е многу убава девојка која внимава на својот изглед, па на тема убавина има изјавено:

-Кога сум нашминкана, најмногу сакам да ги истакнам очите, моите природни трепки и веѓи или усните, а да прикријам мозолчиња кои ненадејно се појавувуваат од различни причини или пак подочници од премор.




-Секогаш во несесерот имам креми за лице и раце, серуми, парфем, дезодоранс, шминка, лакови и прибор за нокти, четка и стегачи за коса“, рече таа во Женски магазин.

Не за џабе велат дека крушата под круша паѓа. Секое дете налиува на своуте родители, но кај Јелена од далеку се гледа од кого ја наследила убавината, по сликите што ги сподели.




Таа објави слики од својата мајка кога била помлада, и просто е неверојатно колку Јелена личи на неа.

Таа е пресликана мајка си, и на сликите на прв поглед ќе си помислите дека е Јелена, а не нејзината мајка.




Таа под сликте едноставно напиша: Мама- copy-paste. Со емотикон реагирапе нејзината мајка Јадранка која е многу убава жена.

Претходна статијаОва се ќерката, зетот и внукот на Лазар Бараков од Германија, се вратија дома (ФОТО)
Следна статијаТања Савиќ ја нарекла Сека Алексиќ мајмун, сопругот Душан објави