Миа Костова, познатата водителка и инфлуенсерка во една прилика раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја забележал на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.
„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа. Во продолжението од разговорот во емисијата „Опуштено со Тони“ , Миа раскажа дека „Бекстејџ“ ја одбележал нејзината кариера, на овој ТВ проект таа му посветила 10 години. Потоа откри зошто се повлекла од телевизија..
– Не знам како ќе звучи ова, ќе делува како јас да сум престарена. Но, тоа беше меѓусебен договор помеѓу мене и телевизијата. Дојдоа нови деца на сцената, дојде време кога јас требаше да ги најавам „2 Бона“, а јас не знам кои се „2 Бона“.
И некако беше сега: Теткава не најави. И некако сметам дека „Бекстејџ“ имаше потреба од една млада сила“.
Потоа, Миа зборуваше за својата аткуелност на социјалните мрежи, поточно на Инстаграм. „Имав понуда за нови 2-3 проекти, но не ми се напушта ова..
Овде сум сам свој газда, кога сакам снимам, кога сакам не снимам, кога сакам постирам, кога сакам три дена одмарам, кога сакам 5 дена не сум во Скопје.
Јас во ни еден момент не учев да бидам инфлуенсерка, многу спонтано ми дојде тоа, ниту знаев дека кај нас ќе дојде такво нешто.
Во време кога јас почнував со тоа, многу наивно. Само ми се редеше едно по друго, реално почнав со 4.000 фоловери, сосема случајно.
Кога сфатив дека имам некаков инфлуенс на некаква публика, кога сфатив дека можам да продадам нешто, тогаш сфатив дека треба да ми биде приоритетна работа, затоа што прво, ми носи пари, а второ- го сакам тоа што го работам“, откри Миа.
– Самохрана мајка сум од првиот ден, и иако сме многу далеку од еден Белград и Загреб, можам да кажам дека финансиски не сум била позадоволна од себе, што и да сум работела.
А, понекогаш сум работела и по четири работи одеднаш, за да можам да си го изгледам детево“, му рече Миа на Тони.
Таа во моментов е на одмор во Албанија, но кога пристигна таму, на Инстаграм раскажа со какви здравствени проблеми се соочила пред да тргне.
-Да ви раскажам што стои зад овие месец дена до тргнувањево наваму и мојот совршен изглед на плажа со сите плус кила што си ги носам од нервози и ха -ос недели наназад.
Ретроградниов меркур да му се наплукам, направи сѐ да пол удам од документи, коли, трансакции и се по список.
Покрај мојот дискус што гордо си го носам, од скоро сум сопственик и на торакален синдром како и тазе дискус на вратни пршлени. Главоболки неподносливи и аналгетици секој ден за да станам од кревет. Поима немам како стасав тука.
Сѐ тоа пропратено со анк сиозност и панични со кои уми-рам секои 3-4 саата. Ама си реков, не бе Миа не може да е појако од тебе. Утрово станав во 4:15. Не спијам. Ама има да одам контра колку што ме држи сила, а не е дека некој излегол на крај со мене. Нема ни ова.
Сликава е почеток на едно долго лето баш тука. Со надеж дека ќе почне да ме боли уво за сѐ па и за тоа дека може да полудам или да се успокојам ама па нарачав аперол, мислам дека е глупо да ти текне на аперол ако стварно ум ир-аш.
Ве сакам бескрајно, инаку… Плажата на летото е Хавана во Дерми. Кичмата ми е наследна и резултат на мрза. Бац од Албанија“, рече Миа која се уште одмара на Јонското море.
Животот таму, на Миа ѝ годи, и таа на Инстаграм напиша:
-Мислев дека живот на море, вино и врвна храна се нешто што си го посакувам со години ама е тешко остварливо. Значи да се вратиме на визуелизација на работите што ги сакаме. Силно сакај и ќе добиеш.
После ова искуство почнувам да мислам на куќа со базен. Се гледаме за две години.“, рече Миа за својата желба за која верува дека ќе се оствари.