Миа по неколку недели се врати од Албанија, а причината е оваа (ФОТО)

0

Во една прилика, познатата водителка Миа Костова раскажа за своите почетоци на телевизија. Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.

„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа. Миа која отворено зборува за своите животни приказни, неодамна раскажа за уште една, поточно за одлука која ја донела благодарение на нејзината пријателка Тијана Секулиќ.

-Не знам од каде да почнам. Од тоа дека мразам адреналин и не ме воодушевува природа? Ете од тука ќе почнам…. И тогаш се појавува желбата на Тијана Скулиќ за АТВ тури за кои ме притиска буквално 2 недели.

Знаете кога бирам, бирам внимателно, за да пренесам и за да бидам сигурна дека ќе бидете безбедни и со супер искуство. Тргнав едвај… после првите 15 минути, сакав никогаш да не заврши.

Тргнувате од Коњско, преку Велестово, преку еден рај кој ретко кој знае дека постои, Галичица и поглед кон Стење и Преспанско Езеро, Погледи од милон долари… не знаете дали е Македонија или Швајцарија.

Вреди секој денар, секое стравче, секој поглед… Професионалци, особено mitreskig реален водич, смирен и посветен, внимателен и концентриран!

Јас пак ќе одам, не знам за вас atvadventureohrid ви благодарам за искуството!“, напиша Миа за својата езерска авантура со мотор“. рече Миа.

Таа во моментов е на одмор во Албанија, но на Инстаграм раскажа со какви здравствени проблеми се соочила пред да тргне.

-Да ви раскажам што стои зад овие месец дена до тргнувањево наваму и мојот совршен изглед на плажа со сите плус кила што си ги носам од нервози и хаос недели наназад.

Ретроградниов меркур да му се нап лукам, направи сѐ да полудам од документи, коли, трансакции и се по список.

Покрај мојот дискус што гордо си го носам, од скоро сум сопственик и на торакален синдром како и тазе дискус на вратни пршлени. Главоболки неподносливи и аналгетици секој ден за да станам од кревет. Поима немам како стасав тука.

Сѐ тоа пропратено со анксиозност и па нични со кои уми -рам секои 3-4 саата. Ама си реков, не бе Миа не може да е појако од тебе. Утрово станав во 4:15. Не спијам. Ама има да одам контра колку што ме држи сила, а не е дека некој излегол на крај со мене. Нема ни ова.

Сликава е почеток на едно долго лето баш тука. Со надеж дека ќе почне да ме боли уво за сѐ па и за тоа дека може да пол удам или да ум -рам ама па нарачав аперол, мислам дека е глупо да ти текне на аперол ако стварно ум ир-аш.

Ве сакам бескрајно, инаку… Плажата на летото е Хавана во Дерми. Кичмата ми е наследна и резултат на мрза. Бац од Албанија, топла препорака за Дерми, уште во првите 24 часа.“, напиша Миа.

Таа во Албанија остана долго време уживајќи на плажа, а сега се врати во Скопје. Причината е голема, роденденот на нејзиниот син Андрија, кој наполни девет години.

Миа со овие зборови му посака најубави желби на својот син, а потоа објави слика и напиша: Еве колку е голем:

-Моја гордост единствена! Око мое питомо, ти благодарам за секој ден во изминативе 9 години, ти благодарам за тоа што ме правиш мајка на највоспитано, благодарно и питомо дете.

Оствари си ги желбите мама ќе е тука и кога нема да е, само ако некаде закочи. Те сакам Андрија! Светло мое! Среќен 9ти роденден!

Претходна статијаЛидија Кочовска донесе важна животна одлука – Лила и ќерката на Наум, Анастасија, ја поддржаа (ФОТО)
Следна статијаИскуство на скопјанец во Охрид: Не се охриѓани катиљ, си ќарив бесплатен паркинг, да не ти се верува